Победникот на австралискиот грен слем, се врати во форма токму за завршниот трунир на најдобрите светски тенисери во Лондон. Швајцарецот Станислас Вавринка го прегази Чехот Томаш Бердих на стартот на групата А.
Спорт
-
Тенис 10.11.2014 18:15
-
Кошарка 10.11.2014 17:07
МЗТ Скопје продолжува со Боби Митев?
Поразот од Партизан ниту беше изненадување, ниту беше неочекуван. „Црно-белите“ сезонава можеби се далеку од моќта на Црвена Звезда, но тоа не беше аргумент за МЗТ Скопје да се надева на реприза на ланскиот триумф во „Пионир“.
-
Формула 1 10.11.2014 13:42
Ништо не е готово, до финалниот метар
Нико Розберг победи во Бразил, Хамилтон води, на последната трка ќе се доделуваат двојни бодови, титулата не е решена. -
Кошарка 10.11.2014 12:30
Прв пораз на Голден Стејт!
Нема веќе непоразена екипа во НБА лигата. Последната којашто загуби е Голден Стејт и тоа кај Феникс со 107:95. 26-те загубени топки се главната причина за првиот пораз на „Вориорс“по стартните пет триумфи.
-
Фудбал 10.11.2014 12:25
Без Ибраими и против Словачка
„Тоа е хендикепт за нас, но кого го нема, без него се може и се мора“-вели селекторот на македонската фудбалска репрезентација Бошко Ѓуровски откако е потврдено дека Агим Ибраими поради пневномија нема да може да и се приклучи на нашата селекција на подготовкит
-
Тенис 09.11.2014 23:33
Федерер убедлив против Раониќ
Роџер Федерер му се одмазди на Милош Раониќ за четвртфиналната елиминација на Мастерс 1000 турнирот во Париз пред девет дена, којашто му го отежна остварувањето на целта да ја заврши 2014 како светски тенисер број 1.
-
Формула 1 09.11.2014 22:29
Рекорд на Мерцедес, титулата ќе се решава на крајот
Нико Розберг стигна до 5-та победа сезонава и ја продолжи возбудата во битката за титулата, во Формула 1 шампионатот.
-
Останати спортови 09.11.2014 22:27
Карлсен поведе
Магнус Карлсен поведе во мечот за титулата светски шаховски првак против Индиецот Вишванатан Ананад што се игра во Сочи. Карлсен ја доби втората партија во која ги водеше белите фигури. Утре е слободен ден, а третата партија ќе се одигра во вторник.
-
Фудбал 09.11.2014 22:25
Работнички шампионски во Тетово
Фудбалерите на Работнички продолжуваат со блескавите игри. Во Тетово го добија дербито од 15-то коло против Шкендија со 3:1. Два гола постигна Стојков, еден Алтипармаковски. Единствениот за Шкендија беше дело на Кировски.
-
Тенис 09.11.2014 18:18
Мареј разочара, Нишикори слави
Кеи Нишикори го победи Енди Мареј со 6-4 и 6-4 во првиот натпревар на завршниот турнир од сезоната во Лондон.










