МЗТ Скопје го претрпе петтиот пораз во Јадранската лига сезонава, иако на паркетот на Партизан остави подобар впечаток во споредба со гостувањата во Подгорица и во Ново Место.
Спорт
-
Кошарка 09.11.2014 01:10
-
Фудбал 09.11.2014 01:08
Водечките меѓусебе
Меѓусебните дуели на четирите водечки екипи во фудбалското првенство на Македонија се главното обележје на 15 –то коло.Вардар го пречекува Металург, Шкендија е домаќин на Работнички. Според нивните дуели од првиот дел од првенството може да се очекува нова голеада.
-
Останати спортови 09.11.2014 01:06
Помирлив почеток
Првата партија од мечот за титулата светски шаховски првак меѓу Норвежанецот Магнус Карлсен и Индиецот Вишванатан Ананд, кој се игра во Сочи заврши со реми во 48-от потег. Белите фигури ги водеше Ананд. Втората, од 12-те предвидени партии ќе се игра утре со почетен потег на Карлсен.
-
Формула 1 08.11.2014 18:45
Розберг најбрз во Бразил
Нико Розберг ја освои титулата, во пол конкуренција, со најбрзиот круг на автодромот Карлос Паче. Со 10 најдобри времиња сезонава, Германецот е недостижен во битката за квалификацискиот пехар, што прв пат беше воведен сезонава. -
Ракомет 08.11.2014 18:44
Вардар поразен во Белорусија
Бранителот на титулата во Сеха лигата, Вардар, го доживеа вториот пораз на деветиот натпревар во оваа конкуренција. Мешков Брест повторно демонстрираше сила на свој терен и славеше со 30-22.
-
Кошарка 08.11.2014 18:41
Работнички се жали!
Како што најави, К.К. Работнички поднесе жалба до Арбитражната комисија во врска со одлуката на комесарот за натпревари да го исклучи клубот од Првата лига и да го пресели во најнизок ранг.
-
Кошарка 08.11.2014 17:17
Пораз на Антиќ
Атланта на Перо Антиќ загуби на паркетот на Шарлот со 122-119 со тројка на Стивенсон во последната секунда од второто продолжение. За 23 минути македонскиот интернационалец постигна осум коша со шут три од осум, два скока, три асистенции и една украдена топка.
-
Останати спортови 08.11.2014 17:16
Нема медал за Павлов
И покрај тоа што отпатуваа во Бремен со големи надежи, македонските каратисти не успеаја да освојат мундијалски медал.
-
Кошарка 08.11.2014 17:15
Желба за репрзиза од лани
Кога екипата е во резултатска криза, силен противник може да биде своевидна шок терапија и најава за подобра сезона. Со таква мисла кошаркарите на МЗТ Скопје ќе му гостуваат на Партизан во Јадранската лига.
-
Останати спортови 08.11.2014 17:13
„Златниот гонг“ за Демај!
Беше доминантен, победи со технички нокаут и Албанскиот боксер Кристијан Демај заслужено го освои признанието најдобар на 44-от меѓунаредон турнир „Златен гонг“.










