Најдобропласираниот македонски тенисер Димитар Грабул е елиминиран на стартот на Итф Фјучерсот во белгискиот Ојпен, вреден 10.000 долари.
Ждрепката сакаше Грабул да го добие за противник 8-от носител Стив Дарси од кого загуби во два сета, 6-4 и 6-1.
Најдобропласираниот македонски тенисер Димитар Грабул е елиминиран на стартот на Итф Фјучерсот во белгискиот Ојпен, вреден 10.000 долари.
Ждрепката сакаше Грабул да го добие за противник 8-от носител Стив Дарси од кого загуби во два сета, 6-4 и 6-1.
Менаџерот на Манчестер јунајтед, Луј Ван Гал, го пофали Вејн Руни за неговото издание во подготвителниот период.
Барселона соопшти дека Нејмар може да почне со тренажен процес. Бразилскиот репрезентативец се повреди на Мундијалот на натпреварот со Колумбија, но сепак ќе има можност да мине дел од тренажниот процес во пресрет на сезоната.
Чави ја заврши репрезентативната кариера. Еден од најдобрите фудбалери на денешницата соопшти дека веќе нема да го носи дресот на шпанскиот националент им со којшто во минатите години еднаш ја освои светската, а двапати европската шампионска титула.
Дисциплинскиот комитет на ФИФА ја потврди казната на Луис Суарез кој нема да игра за уругвајската репрезентација на наредните осум натпревари. Ваквата одлука беше очекувана и не предизвика поголемо изненадување во фудбалскиот свет.
Македонските кошаркари го започнуваат патот за Евробаскетот в година. Белгија е првата пречка која ќе се исправи в недела во Скопје.
Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром денеска го имаше првиот тренинг пред новата сезона.
Македонската сениорска кошаркарска репрезентација отпатува за Загреб каде што утре треба да одигра контролен дуел со Хрватска.
Ќе биде тоа „генералка“ за избраниците на Александар Џикиќ пред стартот во квалификациите за идното Европско првенство.
Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев е во нова трансфер комбинација. По Кина, сега од Милано, но не од Интер, туку од екипата на Милан се заинтересирани за услугите на искусниот напаѓач.
Не! Нашиот фудбал не е толку содржински за во еден натпревар или пак во едно коло да има се. Пресврт, изенадувања, инциденти и од играчки аспект главно неквалитет. Фудбалот е за бројки, за титули, за иновации во играта. Кај нас сепак, има поинакви трендови.