На стартот од светското првенство ја загубија битката против Европјаните и станаа „маргиналци“ во Е групата. Хондурас и Еквадор вечерва влегуваат во меѓусебниот дуел за да ја сменат оваа слика. Пропуштеното тешко е да се надомести.
Спорт
-
Фудбал 20.06.2014 13:36
-
Фудбал 19.06.2014 16:39
Јапонија и Грција пред момент на вистината
Стартните порази не им оставаат премногу можност за избор на Јапонија и на Грција. Само полн погодок во меѓусебниот судир им ги одржува шансите за осминафинале.
-
Фудбал 19.06.2014 12:32
Во Сао Паоло борба на „ранетите лавови“
На инспиративниот мундијалски полигон денеска ќе истрчаат Англија и Уругвај. За двата екс-светски шампиони ова ќе е ден „Д“! Тие се губитниците од првото коло во Д групата.Англичаните со 2:1 беа поразени во европската фудбалска класика против Италија.
-
Фудбал 19.06.2014 12:02
Со сигурност ќе се прогласи нов Шампион!
Шпанија по вчерашниот уште еден болен пораз 2:0 овојпат од Чиле, ќе треба многу порано од нивните, а и нашите очекувања да си заминат дома.
-
Фудбал 18.06.2014 16:18
Камерун – Хрватска за мундијалски опстанок!
Полноќна пресметка по којашто за поразениот последниот натпревар во Групата А ќе биде за збогум, Хрватска со нерешено ќе се надева на победа од два разлика против Мексико за осминафинале, додека Камерун само со триумф може да го продолжи мундијалскиот живот.
-
Фудбал 18.06.2014 14:16
Моќната Холандија и „отпишаната“ Австралија
Холандија, одново истрчува!Од височините достигнати против Шпанија, со сигурност и самодоверба, „Орање“ слетува во Порто Алегре за да биде првото друштво со обезбеден пат за нокаут фазата.
-
Кошарка 18.06.2014 14:12
Се има ли сили?!
Програмска дигресија од главниот настан, на МРТ собраниски во 19.30 правиме со кошарка и македонските девојки.
-
Тенис 18.06.2014 12:27
На Виблдон смена на бројчињата 1 и 2
Новак Ѓоковиќ светскиот тенисер број два, го има турнирски бројот еден на третото грен слем доживувањ, неговото величество Вимблдон. Планетарно најдобриот пак, Рафаел Надал бројот два ќе го има до своето име на тревнатиот турнир.
-
Фудбал 18.06.2014 11:21
По Летонија, Камерун и Катар, на проверка во Кина
Од мундијлската бразилска еуфорија, фудбалски ќе скршнеме. Кина, за македонската фудбалската селекција е дестинацијата и тамошниот денешен прв натпревар (13.30) со домаќинот од два колку ќе се одиграат.
-
Фудбал 18.06.2014 11:13
СП Бразил шести ден: Голманите одлучија
Ако асоцијација за бразилската фудбалска репрезентација се голови, овојпат тоа задоволство ни беше ускратено. Не се истакнаа голгетерски ниту нивните синоќешни мундијалски противници мексиканците, на јубилејниот 40-ти нивен дуел.










