Спорт

  • Фудбал 17.12.2013 14:20

    Обвинети Гатузо и Броки

    Италијанската полиција утрово уапси четири лица поради местење фудбалски натпревари, а покрената е истрага против Џенаро Гатузо и Кристијан Броки. Тие се осомничени дека лажирале резултати од Серија А на крајот на сезоната 2010/11.

  • Фудбал 17.12.2013 14:19

    Бејл чини 200 милиони евра

    Три ипол месеци по завршувањето на фудбалскиот преоден рок, сведувањето на сметките покажува неверојатни суми.

  • Кошарка 17.12.2013 14:03

    Куманово и Кожув во балкански судир

    Македонските претставници во БИБЛ, Куманово и Кожув, со меѓусебен двобој вечер од 18.30 часот ќе завршат со настапите во првиот дел од сезоната во регионалната кошаркарска конкуренција. По седум одиграни средби досега и двете екипи се во врвот на табелата.

  • Формула 1 17.12.2013 13:53

    Претекнување да, ама само на патека

    Интернационалната федерција за автомобилизам(ФИА) не престанува со измени на правилата во пресрет на новата сезона.

  • Ракомет 17.12.2013 13:30

    Разиграни бројки за EURO 2014

    16-те репрезентации учеснички на Европскиот ракометен шампионат во Данска (12 до 26 јануари) пријавија во канцеларијата на европската ракометна куќа 447 ракометари. Сите селекции освен Македонската на список имаат ставено максимален број пријавени ракометари 28, ние 27.

  • Ракомет 17.12.2013 12:30

    Вардар- Металург, нов ракометен празник!

    На бојното поле одново истрчуваат Вардар и Металург! Може ли да се замисли попривлечен крај на ракометната 2013? Двата ривала од скопското соседство по четврти пат во сезонава ќе ги вкрстат копјата. Натпревар исполнет со вообичаениот силен набој.

  • Фудбал 17.12.2013 11:53

    10 натпревари казна за Шимуниќ

    Ветеранот во хрватската фудбалска репрезентација, Јосип Шимуниќ, е суспендиран на 10 натпревари, и ќе го пропушти Мундијалот во Бразил.

  • Ракомет 17.12.2013 11:34

    Јасна е 1/4 финалната мундијалска слика

    Србинките се извлекоа со Корејките 28:27, Норвешка и натаму немилосрдна овојпат на списокот ја ставиа и Чешка 31:21, Бразил продолжува да изненадува ја тргна и Холандија 29:23, Унгарија неочекувано лесно ја надиграа Шпанија 28:21.

  • Кошарка 16.12.2013 13:20

    Портланд царува на западот, Минесота прекина црна серија

    Портланд повторно има одличен старт на сезоната, Блејзерс по продолжението победија на гости кај Детроит со 111:109, за 21-та победа и 4 порази, скор со кој што се цврсто на врвот во Западната конференција.
  • Фудбал 16.12.2013 13:19

    Арсенал-Баерн Минхен 1/8 финален хит

    Ждрепката за нокаут фазата од Лигата на фудбалските шампони не му беше наклонета на  актуелниот европски првак Баерн од Минхен, кој на патот на одбрана на титулата се соочува со лондонски Арсенал.

Pages