Почна изградбата на гасниот интерконектор меѓу Србија и Бугарија во делот од гасоводот од Ниш до границата со Бугарија, кај Димитровград. Проектот кој треба да заврши во октомври ќе обезбеди дополнителни 80 проценти зголемување на капацитетот во однос на сегашните годишни потреби на Србија.
-
Свет 01.02.2023 11:19
-
Свет 01.02.2023 09:50
Бура предизвика колапс во САД, откажани летови и тешки сообраќајки
Зимското невреме парализираше голем дел од југот на САД. Откажани се над 1.700 летови, а блокиран е и сообраќајот на меѓудржавниот автопат низ Арканзас.
-
Свет 01.02.2023 09:48
Конгресот ја одложи дебатата за избори во Перу
Нови судири меѓу полицијата на Перу и демонстрантите во Лима. Законодавците не успеаја да договорат план за избори.
Политичката криза почна во декември по апсењето на тогашниот лидер Кастиљо кој се обиде да го распушти Конгресот. Во протестите загинаа педесетина лица.
-
Свет 01.02.2023 09:48
Четворица осомничени за атентатот на Моисе одат во САД
Тројца американско-хаитски државјани и Колумбиец им се предаден на САД поради вмешаност во атентатот на претседателот на Хаити, Моисе во 2021 година.
-
Свет 01.02.2023 09:47
Самитот на Украина и ЕУ ќе се одржи в петок во Киев
В петок самит на Украина и Европската унија во Киев. Претседателот Зеленски изјави дека уште не завршил со смените на високи функционери.
САД подготвуваат пакет воена помош од 2 милијарди долари, вклучително и ракети со долг дострел. Најжестоките битки се водат во Доњецк.
-
Свет 31.01.2023 21:43
Предвремени избори во Словачка
Словачкиот Парламент денеска одобри петмесечно скратување на четиригодишниот мандат на тековниот состав на собранието, закажувајќи нови избори за 30 септември.
-
Свет 31.01.2023 20:24
Расте бројот на загинати по нападот на џамијата во Пакистан
Бројот на загинати во самоубиствениот напад на џамијата во Пешавар, на северозападот на Пакистан, порасна на 100, соопштија властите. Џамијата се наоѓа во областа на седиштето на полициските сили за безбедност и во тек е истрага за тоа како бомбашот успеал да влезе.
-
Свет 31.01.2023 16:12
Протести во Франција против пензиската реформа
Нов бран демонстрации ја парализираа Франција. Стотици илјади луѓе излегоа на улиците во речиси сите градови. Синдикалните организации се против плановите на претседателот Макрон да ја зголеми старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.
-
Свет 31.01.2023 12:33
Тревога за опасност, Москва ја поместува линијата
Тревога за воздушна опасност низ Украина. Москва ја поместува линијата на фронтот на истокот. Русија и Белорусија на еднонеделна обука за најавените воени вежби. САД за неколку недели ќе почнат да ги испраќаат ветените тенкови „Амбрамс“.
-
Свет 31.01.2023 12:06
Блинкен во посета на Ерусалим
Американскиот државен секретар Блинкен ја потврди посветеноста на САД за израелската безбедност на средбата со министерот за одбрана Галант во Ерусалим. Неговата посета е во период на зголемени тензии и смртоносни пресметки на Западен Брег и источен Ерусалим.










