Најмалку две лица загинаа, а седум се повредени кога ракета истрелана од руските сили погоди станбена зграда во градот Краматорск, источна Украина. Според регионалниот гувернер Кириленко, под урнатините има затрупани луѓе.
-
Свет 02.02.2023 14:04
-
Свет 02.02.2023 12:37
Напад врз Газа, САД повикаа на смиреност
Блискиот Исток и натаму буре барут. По пресретнатата ракета од Појасот Газа, израелската војска возврати со напад врз позиции кои ги користи Хамас за производство на ракети и оружје. Ни исламистичката група која владее во Газа ни Исламски џихад не презедоа одговорност за тој проектил.
-
Свет 02.02.2023 12:01
Руска ракета погоди станбена зграда во Краматорск
Најмалку две лица загинаа, а седум се повредени кога ракета истрелана од руските сили погоди станбена зграда во градот Краматорск во источна Украина.
-
Свет 02.02.2023 09:59
Вашингтон: Немаме непријателски намери кон Северна Кореја
Белата куќа ги отфрли обвинувањата на Северна Кореја дека заедничките воени вежби со Јужна Кореја во регионот се провокација.
-
Свет 02.02.2023 09:40
Напад врз Газа
Залудни се апелите на САД да се смират тензиите во Израел и окупираниот Западен Брег. Израелската војска нападна Газа неколку часа откако пресретнала ракета истрелана од овој појас.
-
Свет 02.02.2023 09:36
Киев: Русија подготвува нова офанзива на годишнината од првата
Се разгоруваат битките крај реката Дњепар. Украинското министерство за одбрана предупреди – Русија подготвува нова голема офанзива, која би можела да почне на годишнината од почетокот на првата, односно на 24 февруари. Според нив, Москва мобилизирала околу 500.000 војници за можната инвазија.
-
Свет 01.02.2023 12:24
Самит ЕУ- Украина во петок во Киев
Украина е подготвена да преземе големи реформи кои ќе ја променат социјалната, правната и политичката реалност и покрај војната. В петок самит на Европската унија во Киев, ќе се дискутира за најраниот почеток на преговорите за пристапување во Унијата.
-
Свет 01.02.2023 12:10
Снежна бура предизвика колапс во САД
Зимското невреме парализираше голем дел од југот на САД. Откажани се над 1.700 летови, а блокиран е и сообраќајот на меѓудржавниот автопат низ Арканзас. Во Остин, Тексас, регистрирани се сообраќајни несреќи во кои има жртви.
-
Свет 01.02.2023 11:40
Осум ракети истрелани врз турска база
Неидентификувани напаѓачи истрелаа осум ракети врз турска воена база во северен Ирак. Ранет е изведувач.
Ниедна група веднаш не ја презеде одговорноста за нападот врз базата Зилкан, каде што се сместени турските војници во провинцијата Нинева.
-
Свет 01.02.2023 11:20
Пронајдена е радиоактивната капсула која испадна од камион
Австралиските власти ја пронајдоа капсулата со цезиум-137 која исчезна при транспорт од компанијата Рио Тинто. Радиоактивната супстанца се користи во опремата за рударство и може да предизвика сериозни здравствени проблеми.










