• Свет 22.01.2023 10:39

    Мачу Пикчу е затворен за туристи поради протести

    Познатиот туристички локалитет Мачу Пикчу затворен на неодредено време поради антивладините протести. Стотици луѓе во Перу се заглавени во подножјето на локацијата поради блокада на железницата која сообраќа до тврдината на Инките од 15 век на Андите.

  • Свет 22.01.2023 10:34

    Пронајдени нови доверливи документи во домот на Бајден

    Американското министерство за правда откри неколку доверливи документи при претрес во куќата на американскиот претседател Џозеф Бајден во градот Вилмингтон, Делавер.

  • Свет 22.01.2023 10:28

    Француско-германски самит

    Министерски состанок меѓу Франција и Германија во Париз на 60-годишнината од Елисејскиот договор кој ги смири соседите и некогашните непријатели.

  • Свет 22.01.2023 10:23

    Три балтички земји бараат испорака на германските тенкови „Леопард 2“ за Киев

    Нова офанзива на руските сили во Запорожје. Засилени гранатирања во индустриската зона на Донбас. Летонија, Естонија и Литванија бараат Германија да испрати во Украина тенкови „Леопард 2“.

  • Свет 21.01.2023 17:30

    Протест за поддршка на Христијан Пендиков

    Европската унија да ги прекине преговорите со Македонија, побараа учесниците на протестот за поддршка на секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис трети“ Христијан Пендиков, кој беше физички нападнат пред угостителски објект во Охрид.

  • Свет 21.01.2023 14:10

    Кремљ: Тенковите од Западот нема да го сменат текот на војната

    Киев да се воздржи од поголема контраофанзива додека не добие ново модерно оружје, му порачаа високи американски функционери на украинскиот државен врв откако во воената база во Рамштајн, Германија, не беше донесена одлука за тенковите „Леопард 2“.

  • Свет 21.01.2023 12:44

    Балканот под вода

    Поплави во неколку земји на Балканот. Србија, Босна, Црна Гора, Албанија и Косово се соочуваат со поројни дождови кои предизвикаа излевање на поголемите реки од речните корита. Населението се евакуира, има и жртви.

  • Свет 21.01.2023 11:26

    Ескобар: ЗСО со или без Курти

    По средбите во Белград и Приштина, американскиот специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар испрати јасна порака до Косово – заедницата на српски општини ќе се формира, со или без премиерот Курти.

  • Свет 21.01.2023 10:03

    Повредени на протестите во Лима

    Десетици повредени во судирите меѓу полицијата и демонстрантите на антивладините протести во Перу. Насилните протести се проширија низ повеќе градови.

  • Свет 21.01.2023 09:58

    Кремљ: Тенковите од западот нема да го сменат текот на војната

    Во американската воена база во Рамштајн, Германија, не е донесена одлука за праќање на тенкови „Леопард 2“ на Киев. Соединетите американски држави го советувале украинскиот државен и воен врв да ги повлече преостанатите единици од градот Бахмут, источен Доњецк.

Pages