Велика Британија ја повика Германија да дозволи испраќање тенкови „Леопард“ во Украина, нагласувајќи дека тоа може да ги поттикне другите земји да пружат поддршка и Берлин нема да дејствува сам.
-
Свет 16.01.2023 20:32
-
Свет 16.01.2023 19:46
Расте бројот на убиени новинари
По неколку години последователен пад, бројот на убиени новинари ширум светот минатата година се искачи на 86, наспроти 55 во 2021 година, што претставува зголемување од 36 отсто, соопшти денеска организацијата на ОН за културно наследство УНЕСКО.
-
Свет 16.01.2023 19:10
Нема евиденција за посетителите на домот на Бајден каде се пронајдени документите
Канцеларијата на Белата куќа денеска соопшти дека нема евиденција за посетители на домот на американскиот претседател Џо Бајден во Вилмингтон, Делавер, каде се пронајдени доверливи документи од неговите потпретседателски денови, бидејќи станува збор за приватна резиденција.
-
Свет 16.01.2023 13:27
Уапсен најбараниот мафијашки бос
Италијанските карабинери го уапсија Матео Месина Денаро, најбараниот мафијашки бос во земјата, кој беше во бегство три децении.
-
Свет 16.01.2023 13:27
Министерката за одбрана Ламбрехт најави оставка
Германската министерка за одбрана Кристине Ламбрехт Денеска побара од канцеларот Олаф Шолц да биде разрешена што, според набљудувачите, претставува кулминација на растечкиот скептицизам за нејзината способност да ја среди германската Армија во форма во позадината на војната во Украина.
-
Свет 16.01.2023 12:59
Москва и Киев со меѓусебни обвинувања за нападот врз станбената зграда
Жестоки гранатирања на истокот на Украина. Нападнати воени позиции и цивилни населби во Луганск и Доњецк. Расте бројот на загинати и повредени во ракетниот напад врз станбена зграда во Дњепар. Се верува дека деветкатницата била погодена со ракета со долг дострел.
-
Свет 16.01.2023 12:32
Радев го врачи третиот мандат на „БСП за Бугарија“ за формирање влада
Бугарските социјалисти го добија од претседателот Радев мандатот за формирање влада. Според Уставот, ова е последната можност нашиот источен сосед да добие нова извршна власт, откако претходно пропаднаа двата обида на ГЕРБ и продолжуваме со промената.
-
Свет 16.01.2023 10:19
Жртви и исчезнати во експлозија во хемиска фабрика во Кина
Најмалку две лица загинаа во експлозија и голем пожар во хемиска фабрика во североисточна Кина.
12 се исчезнати, а повредени се 34 лица, од кои четири потешко.
Пожарот горел со часови пред да биде ставен под контрола.
-
Свет 16.01.2023 10:19
Продолжува потрагата по преживеани во авионската несреќа
Продолжува потрагата по четири лица кои и натаму се водат како исчезнати, откако вчера се урна авион со 72 лица.
Пронајдени се црната кутија и снимачот на глас во авионот. Во Непал е прогласен ден на жалост поради трагедијата, а формиран е експертски ти кој ќе ја истражува несреќата.
-
Свет 16.01.2023 10:17
Заеднички вежби на руските и на белоруските воздухопловни сили
Русија и Белорусија почнуваат заеднички воени вежби, додека Киев и Западот стравуваат дека Москва би можела да ја искористи белоруската територија за нова копнена офанзива на Украина, што веќе беше случај на почетокот на војната во февруари.










