• Свет 03.01.2023 13:21

    Легендарниот Пеле ќе биде погребан денеска

    По целодневна и целоноќна поворка и бдение, бразилската фудбалска легенда Пеле, тргнува на своето последно патување. Ќе биде погребан денеска во кругот на потесното семејство на гробиштата во Сао Паоло.

  • Свет 03.01.2023 13:00

    Не стивнуваат руските напади во Украина

    Не стивнуваат битките во Украина. И двете страни во конфликтот бројат жртви. Украинската армија соопшти дека во регионот Керсон, убиле и раниле до 500 руски војници, а непријателот продолжува да трпи загуби.

  • Свет 03.01.2023 12:57

    Црн биланс од новогодишните огномети

    Едно лице загина, најмалку десетици се повредени и исто толку приведени лица за новогодишната ноќ во Германија поради напади врз пожарникарите и полицајците со ракети и моќни петарди. Само во Берлин службите интервенирале речиси 4 илјади пати, при што е повредени 33 пожарникари и полицајци.

  • Свет 03.01.2023 12:51

    Три лица зад решетки поради потонување на сплавот

    Тројца завршија зад решетки за потонувањето на сплавот „Фристајлер“ на новогодишната ноќ во Белград. Поради инцидентот уапсени се сопственикот, директорот и управителот под сомнение дека на 31 декември дозволиле да присуствуваат поголем број гости од капацитетот на објектот.

  • Свет 03.01.2023 12:47

    Силна бура ја погоди Калифорнија

    Силна бура ја зафати Калифорнија носејќи големи количества дожд и снег, а поради опасност од поплави на жителите од северниот дел од оваа држава им е наредена евакуација. Невремето предизвика излевање на реките, сообраќајот е отежнат, а главните патишта затворени.

  • Свет 03.01.2023 12:42

    Пораст на заболени од Ковид-19 во Шангај

    70 насто од населението во Шангај е заразено со ковид-вирусот. Наглиот пораст доаѓа по минатомесечното олабавување на строгите ограничувања на кинеските власти, поради што земјите ширум светот, почнаа да воведуваат ограничувања за патниците од Кина.

  • Свет 03.01.2023 12:01

    Радев го врачи мандатот на „Продолжуваме со промената“

    Бугарскиот претседател Румен Радев вториот мандат за составување влада и го додели на втората по големина пратеничка група во народното собрание на екс-премиерот Кирил Петков, „Продолжуваме со промената“. Мандатот му е врачен на партискиот кандидат за премиер академик Николај Денков.

  • Свет 03.01.2023 10:11

    Одземање имунитет на двајца пратеници во Европскиот парламент

    Европскиот парламент вчера ја почна процедурата за одземање на имунитетот на двајца пратеници кои се под истрага за наводна корупција поврзана со работите на ЕУ и Катар.

  • Свет 03.01.2023 10:05

    Тинејџер во Њујорк обвинет за обид за убиство

    На новогодишната ноќ тинејџерот кој нападна тројца полицајци со мачета во близина на Тајмс Сквер во Њујорк е обвинет за обид за убиство и напад со ладно оружје, соопшти њујоршката полиција.

  • Свет 03.01.2023 09:58

    Расте бројот на заразени од Ковид-19 во Кина

    Кинеските власти треба да споделат повеќе информации за инфекцијата со коронавирус, бидејќи бројот на заразени се зголемува, објави Светската здравствена организација.

Pages