Косовските Срби се согласија да ги отстранат барикадите, прифаќајќи ги повиците од САД и Европската Унија за смирување на тензиите. Српскиот претседател Вучиќ, кажа дека процесот веројатно ќе трае подолго.
-
Свет 29.12.2022 11:53
-
Свет 29.12.2022 10:04
Пожар во хотел, има жртви
Жртви во пожар во казино хотел во Камбоџа. Над 30 лица се повредени. Сè уште е непозната причината за пожарот.
Во последните месеци во југоисточна Азија избија неколку смртоносни пожари во ноќни клубови, кои главно не ги почитуваат безбедносните прописи.
-
Свет 29.12.2022 09:59
Ганц: Можен напад врз нуклеарките на Иран
„Можеби за 2-3 години ќе треба да летате во правец кон исток и да учествувате во напад врз нуклеарките на Иран“, изјави израелскиот министер за одбрана Бени Ганц во говорот на промовирањето на кадетите на военото воздухопловство.
-
Свет 29.12.2022 09:50
Воздушна опасност во делови од Украина
Воздушна опасност во Киев, и во јужните делови на Херсон и Николаев. Досега не се пријавени загинати или повредени. Претседателот Володимир Зеленски во годишниот говор пред Врховната Рада рече дека Украина е признаена во светот за нејзиното единство и храброст во лицето на руската инвазија.
-
Свет 29.12.2022 09:33
Се отстрануваат барикадите на северот на Косово
Косовските Срби се согласија да ги отстранат барикадите, прифаќајќи ги повиците од САД и Европска Унија за смирување на тензиите. Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој се сретна со етничките Срби во градот Рашка, кажа дека процесот веројатно ќе трае подолго.
-
Свет 28.12.2022 19:38
ЕУ и САД: Белград и Приштина да преземат мерки за деескалација на ситуацијата
Европската Унија и Соединетите Американски Држави се загрижени за тензичната ситуација на северот на Косово и ги повикуваат сите на максимална воздржаност, соопшти прес-службата на ЕУ.
-
Свет 28.12.2022 17:22
Пуштен од притвор полицаецот поради кој Србите подигнаа барикади
Првото барање на Србите од северот на Косово, кои во знак на протест подигнаа барикади на повеќе места, е исполнето. Од притвор е ослободен поранешниот српски полицаец, Дејан Пантиќ. Основниот суд во Приштина, ја промени мерката за безбедност и притворот го замени со домашен притвор.
-
Свет 28.12.2022 12:37
Затворен граничниот премин Мердаре
Косовскиот премин Мердаре затворен поради блокадите на Србите од Куршумлија кон Подујево. Нема движење ни на Јариње и Брњак. Во Косово нови барикади, во центарот на северниот дел од Косовска Митровица, во близина на Бошњачка махала и на новиот мост кој води кон магистралниот пат кон Рашка.
-
Свет 28.12.2022 12:23
САД ја задржа мерката за протерување мигрантите
Врховниот суд на САД ги задржа ограничувањата за азил воведени во пандемијата, во време кога илјадници мигранти се на мексиканската страна на границата, во надеж дека ќе можат да влезат во ветената земја.
-
Свет 28.12.2022 11:46
Дете почина од голтнат предмет во градинка
Четиригодишно момче од Владичин Хан почина откако проголтало предмет во градинка.Во болницата во Ниш било примено во тешка состојба со знаци на сериозно оштетување на мозочните функции.
Медицинскиот тим успеал да го отстрани предметот од дишните патишта, но не и да го спаси.










