Историско невреме во САД. Погодени се над 200 милиони Американци од силната зимска бура. Се проценува дека досега починале најмалку 12 лица. Повеќе од 1,5 милиони жители останаа без електрична енергија, а илјадници летови беа откажани.
-
Свет 24.12.2022 11:14
-
Свет 24.12.2022 11:05
САД одобри 45 милијарди долари помош за Киев
Претставничкиот дом на САД, под контрола на демократите, вчера одобри помош од 45 милијарди долари за Украина, откако претседателот Зеленски се врати од Вашингтон, со ветување дека ќе добие ракети „Патриот“.
-
Свет 24.12.2022 10:56
Нереди во Париз по убиството на три лица пред курдскиот културен центар
Нереди во Париз по убиството на три лица пред курдскиот културен центар. Две илјади демонстранти, Курди, излегоа на улиците. Полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата.
-
Свет 23.12.2022 19:36
СЗО: Се очекува подобрување на состојбата со заразните болести
Светската здравствена организација денеска изрази уверување дека состојбата на глобално ниво во борбата против опасните болести ќе се подобри во наредната година.
-
Свет 23.12.2022 16:57
Арктичка бура во САД за Божиќ
Температури и до -56 целзиусови степени во делови од САД за Божиќ. Повеќе од 135 милиони луѓе се соочуваат со тешки временски услови во пресрет на најметежните денови во годината. На големите аеродроми се откажани илјадници летови, додека бурата се засилува.
-
Свет 23.12.2022 14:32
Пукање во центарот на Париз, има убиени и ранети
Најмалку две лица загинаа, а неколкумина се повредени во пукотница во центарот на Париз. Напаѓачот е уапсен, станува збор за 69-годишен маж, француски државјанин, пензионер, кој претходно работел како возач.
-
Свет 23.12.2022 13:30
Северна Кореја истрела уште две балистички ракети
Северна Кореја истрелала уште две балистички ракети кон морето од својот источен брег, соопшти војската на Јужна Кореја.
-
Свет 23.12.2022 13:16
Руската Федерација ги претстави сенаторите на анектираните територии
Осум месеци откако Мариупол падна во рацете на Русија, Москва ги искоренува сите остатоци од Украина. Историскиот драмски театар сега ќе биде срцето на градот, според рускиот главен план. Театарот служеше како засолниште во време двата руски воздушни напади во март, кога загинаа стотици луѓе.
-
Свет 23.12.2022 11:10
Ева Каили останува во притвор најмалку уште еден месец
Грчката европратеничка Ева Каили останува во притвор најмалку уште еден месец. Според белгиските медиуми, таа делумно признала пред истражителите. Каили е во притвор под сомнение за корупција и трговија со влијание во корист на Катар.
-
Свет 23.12.2022 09:57
Големи пожари во Чиле, двајца загинати
Најмалку две лица загинаа во големите пожари, што избувнаа во крајбрежниот град Вентанас во Чиле. Пожарот што зафати околу 110 хектари шума и изгоре околу 200 куќи, се стравува дека може да зафати и компанија за производство и дистрибуција на електрична енергија.










