ФБИ најде нови доверливи документи во домот на поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс.
Претресот во Индијана е дел од истрагата која се води и за актуелниот лидер на Белата куќа Бајден, како и неговиот претходник Трамп.
ФБИ најде нови доверливи документи во домот на поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс.
Претресот во Индијана е дел од истрагата која се води и за актуелниот лидер на Белата куќа Бајден, како и неговиот претходник Трамп.
Протест пред хотел со азиланти во северозападна Англија. Демонстрантите се судрија со полицијата. Тројца се упасени во близина на Ливерпул.
Над 24 илјади загинати, повеќе од десетина илјади повредени во разорниот земјотрес во Турција и Сирија. Спасувачките екипи остануваат на терен во потрага по преживеани.
Уништени се над 12 илјади објекти. Серијата последователни потреси продолжува. По првичниот биле регистрирани 1891.
Жестоки конфликти околу Бахмут и Запорожје. „Русија веќе почна нов бран ракетни напади врз енергетската инфраструктура, што предизвика загуба на електрична енергија во милиони домаќинства“, тврди Киев.
Летечки објект соборен над Алјаска. Според Белата куќа, тој се движел на височина од околу 12.000 метри и претставувал реална закана за цивилните авиони.
Уште еден член на Европскиот парламент е уапсен по полициска истрага за мито, корупција и перење пари. Белгискиот пратеник Марк Тарабела се верува дека е близок соработник на Пјер Панцери кој се сомничи за водач на корупциската мрежа.
САД во координација со Обединетото Кралство ставија уште петмина познати Бугари на црната листа поради корупција.
Не стивнуваат руските напади врз украинските позиции. Ракети С-300 биле лансирани во регионите Харков и Запорожје. Според украинската војска, Москва ги насочи бомбардирањата врз индустрискиот исток, особено провинциите Луганск и Доњецк.
Падна владата на Молдавија, премиерката Наталија Гаврилита поднесе оставка.
Повеќе од 21.000 загинати во разорниот земјотрес што ги погоди јужна Турција и Сирија. Спасувачите од 65 земји петти ден трагаат по преживеани.