Светот ја пречека новата година. Повеќе од 100.000 луѓе се собраа во центарот на Лондон, каде што беше прославен влезот во Новата година со, како што рече градоначалникот Кан, „најголемиот огномет во Европа“, за првпат откако изби пандемијата на Ковид-19.
-
Свет 01.01.2023 14:38
-
Свет 01.01.2023 11:37
Од полноќ официјално во еврозоната
Од полноќ Хрватска официјално влезе и во еврозоната и во Шенген зоната. Го усвои еврото како официјална валута. Хрватските граѓани и во наредните две недели ќе може да плаќаат во готово во куни.
-
Свет 01.01.2023 11:36
Од полноќ претседавање со Европската унија
Шведска од полноќ го презеде претседавањето со Советот на Европската унија од Чешка. Шведска е членка на ЕУ од 1995 година и ова е трето претседавање со земјата.
-
Свет 01.01.2023 11:36
Експлозија на воениот аеродром во Кабул, има жртви
Експлозија одекна на воениот аеродром во Кабул. Има загинати и повредени лица.
Во тек е истрага за утврдување на причината за експлозијата.
-
Свет 01.01.2023 11:36
Русија го зголемува бројот на војници
На 1-ви јануари 2023 година стапи на сила указот на претседателот на Русија Путин за зголемување на бројот на руските вооружени сили.
До крајот на оваа година, бројот на воениот персонал под договор ќе се зголеми на 521.000 лица.
-
Свет 01.01.2023 11:35
Украинците новата година ја дочекаа без струја
Повеќе од 30 отсто од жителите на Киев останаа без струја поради вонредното исклучување, додека водоснабдувањето и греењето работат без промени.
-
Свет 01.01.2023 11:34
Масовни собири на плоштадите за дочекот на Новата
Светот ја пречека Новата година. Повеќе од 100.000 луѓе се собраа во центарот на Лондон, каде што беше прославен влезот во Новата година со, како што рече градоначалникот Кан, „најголемиот огномет во Европа“, за првпат откако изби пандемијата на Ковид-19.
-
Свет 31.12.2022 13:47
Од утре еврото валута во Хрватска
Хрватска со последни подготовки пред земјата од утре и официјално да го усвои еврото и да се приклучи кон Шенген зоната. Претходно, земјата мораше да исполни строги економски услови, вклучувајќи стабилен девизен курс, контролирана инфлација и одржлива јавна потрошувачка.
-
Свет 31.12.2022 12:38
Премините Јариње и Брњак се отворени, барикадите речиси отстранети
Србите ги отстранија речиси сите барикади на северот на Косово, што ги поставија поради апсењето на сонародниците и доаѓањето на косовските специјалци. Сообраќајот е нормализиран на сите главни патни правци и на административните премини Јариње и Брњак.
-
Свет 31.12.2022 11:56
Почина поранешниот папа Бенедикт
Поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти почина денеска на 95-годишна возраст, пренесуваат агенциите Ројтерс и ДПА.
Неговата состојба во изминатите неколку дена значително се влоши и тој не ја издржа борбата за живот, а во 2020 година беше пласирана информација дека тој е болен.










