Демонстрациите во Иран продолжуваат. Граѓаните кои протестираат против зголемувањето на цените и намалувањето на куповната моќ, ги проширија жестоките протести од Техеран и во другите градови.
-
Свет 09.01.2026 10:07
-
Свет 09.01.2026 09:14
Протести во знак на солидарност со жртвата во Минеаполис
Расте револтот во САД откако агент на Федералната служба за имиграција и царина смртно застрела жена во Минеаполис, која со возилото ја попречуваше работата на службениците. Протестите се проширија во повеќе градови.
-
Свет 08.01.2026 20:15
Зеленски побара нова средба со Трамп за безбедносни гаранции
Зеленски побара нова средба со Трамп, откако претставници на Вашингтон и Киев повторно разговараа за најспорните прашања во планот за завршување на војната.
-
Свет 08.01.2026 19:14
Трамп потпиша извршна наредба со која се суспендира поддршката на САД за 66 организации, агенции и комисии
Претседателот Трамп потпиша извршна наредба со која се суспендира поддршката на САД за 66 организации, агенции и комисии, по прегледот на неговата администрација за учеството и финансирањето на сите меѓународни организации, вклучувајќи ги и оние поврзани со Обединетите нации.
-
Свет 08.01.2026 14:39
Трамп не се откажува од идејата за преземање на Гренланд
Белата куќа го зголеми притисокот врз Данска во последните неколку дена, постојано истакнувајќи дека САД треба да го преземат Гренланд. Потпретседателот Венс потврди-Трамп е подготвен да оди „онолку колку што е потребно“ за да ги одбрани американските интересите во врска со Гренланд.
-
Свет 08.01.2026 14:18
Бурата Горети донесе дожд и снег во Европа
Поплави и снежно невреме има и во регионот. Снег и изобилни врнежи од дожд во Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово. Најкритично е во пристанишниот град Драч, каде што водата поплави над 800 домови, принудувајќи итна евакуација на 180 лица.
-
Свет 08.01.2026 13:45
Кошта најавува напредок за проширувањето на ЕУ
Проширувањето кон Украина, Молдавија и Западниот Балкан е важно во првите месеци од 2026-та година, истакна претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта при преземањето на претседателството од страна на Кипар во Никозија.
-
Свет 08.01.2026 12:54
САД заплени руски брод
Пловилата од т.н „Флота во сенка“ која Русија, Иран и Венецуела ги користат за заобиколување на меѓународните санкции одново ги разгоруваат тензиите. САД запленија два танкера поврзани со венецуелска нафта во операции во Северниот Атлантик и Карибите.
-
Свет 08.01.2026 12:38
Протести откако агент на Федералната служба за имиграција смртно застрела жена во Минеаполис
Расте револтот во САД откако агент на Федералната служба за имиграција и царина смртно застрела жена во Минеаполис, која со возилото ја попречуваше работата на службениците. Револтирани граѓани се собраа брзо по убиството и почнаа со протест.
-
Свет 08.01.2026 09:31
Протестите во Иран продолжуваат, има мртви и ранети, илјадници се уапсени
Демонстрациите во Иран продолжуваат. На 310 локации во 28 од 31 провинција во Иран граѓаните масовно излегуваат на улиците секој ден од 28 декември.









