По месеци тензии и меѓусебни обвинувања, САД извршија воздушни напади врз Венецуела, вклучувајќи го и нејзиниот главен град Каракас и воените објекти. Жителите сведочат за серија експлозии и ниски прелети на авиони, по што делови од градот останале без струја. Погодено и главното пристаниште.
-
Свет 03.01.2026 12:01
-
Свет 03.01.2026 11:27
Клучен состанок на „Коалицијата на подготвените“ во Киев
Клучен состанок на „Коалицијата на подготвените“ во Киев, меѓу нив и новиот шеф на кабинетот на Зеленски, Кирил Буданов заедно со воените претставници на западните сојузници.
Главна тема е финализирање на „Борбениот план 2026“.
-
Свет 03.01.2026 09:39
Експлозии во Каракас, нападнати воени објекти
Најмалку седум експлозии и чад се забележани ноќеска во главниот град на Венецуела, Каракас, при што делови од градот останале без струја. Според американски официјални извори, претседателот Трамп наредил напади врз локации во Венецуела, вклучително и воени објекти.
-
Свет 03.01.2026 09:23
Се санираат штетите по земјотресот во Мексико
По земјотресот од 6,5 степени со епицентар во Гереро, Мексико Сити санира штети. Повредени се 12 лица, оштетени над 40 објекти, а 10 згради се евакуирани поради пукнатини.
-
Свет 02.01.2026 19:34
Мадуро: Подготвен сум за разговори со САД за трговијата со дрога, нафта и миграцијата
Венецуелскиот претседател Мадуро во интервју за државната телевизија изјави дека е подготвен за разговори со САД за трговијата со дрога, нафта и миграцијата, во секое време и кое било место.
-
Свет 02.01.2026 15:39
Идентификација на жртвите од трагедијата во Кран-Монтана
Тешка тишина го пара воздухот под швајцарските Алпи, во ски-центарот Кран-Монтана. Наместо празнична врева, се живеат денови на жалост и неизвесност, додека продолжува потрагата по исчезнатите од разорниот пожар во барот „Ле Констелејшн“.
-
Свет 02.01.2026 12:39
Руските сили извршија нов интензивен напад со беспилотни летала врз Запорожје
Руските сили извршија еден од најинтензивните напади со беспилотни летала врз Запорожје, при што беа погодени станбени згради и комерцијални објекти. Киев возврати со напад во руската област Белгород.
-
Свет 02.01.2026 11:51
Загинати и повредени, по демонстрациите во Иран
Најмалку 5 лица загинаа, десетици се повредени и уапсени, откако демонстрантите кои веќе пет дена протестираат во Иран поради влошената економска состојба, почнале да фрлаат камења и палат возила, додека властите тврдат дека биле вклучени и вооружени групи.
-
Свет 02.01.2026 08:49
Се истражуваат причините за трагедијата во Швајцарија
Тешка тишина го пара воздухот под швајцарските Алпи во ски-центарот „Кран Монтана“. Земјата живее денови на жалост додека расте бројот на жртви по пожарот што изби во барот „Ле Констелејшн“ за време на новогодишната ноќ.
-
Свет 01.01.2026 15:17
Новогодишната ноќ во Украина мина во знак на тревога од масовни руски воздушни напади и жртви
Новогодишната ноќ во Украина мина во знак на тревога од масовни руски воздушни напади и жртви. Над 200 дронови биле лансирани во Доњецк, Запорожје, Харков и Суми.










