Украина ја почна операцијата за ослободување на Херсон. Со артилерија со долг дострел оштетени се најмалку три мостови преку реката Днепар, на кои Русија се потпира за снабдување на областите под нејзина контрола.
-
Свет 28.07.2022 12:22
-
Свет 28.07.2022 11:36
Бугарија пред избори
Бугарските социјалисти му го вратија на претседателот Радев третиот мандат за формирање влада. Не успеаја да соберат доволен број пратенички гласови. Ги обвинија ГЕРБ и „Има таков народ“ дека свесно ја оставаат државата во хаос.
-
Свет 28.07.2022 11:23
Вухан: Поради четири случаи на ковид, милион жители повторно во карантин
Речиси милион луѓе од предградијата на Вухан, градот каде што за прв пат беше откриен коронавирусот, се ставени во карантин. На жителите им беше наредено да останат во затворени простории три дена откако беа откриени четири асимптоматски случаи на ковид.
-
Свет 28.07.2022 10:31
Се шири пожарот во југозападна Франција
Пожарот во југозападниот дел на Франција се прошири до долината на реката Ардеш. Зафатени се 750 хектари.
-
Свет 28.07.2022 10:20
Ким подготвен да употреби нуклеарно оружје во евентуален воен конфликт со САД и Јужна Кореја
Севернокорејскиот лидер Ким Јонг УН предупреди дека е подготвен да употреби нуклеарно оружје во евентуален воен конфликт со САД и Јужна Кореја. Пјонгјанг ги обвини САД дека ја демонизираат. Неговата земја и на тој начин ја правдаат својата непријателската политика кон неа.
-
Свет 28.07.2022 10:11
Руските трупи се прераспоредуваат на југот на Украина
Претставник на украинската одбрана изјави дека руските трупи се ангажирани во прераспоредување на југот на земјата, вклучително и во областа каде што Украина започна контраофанзива.
-
Свет 28.07.2022 10:02
Американскиот државен секретар Блинкен подготвен да разговара Лавров
Администрацијата на САД понудила размена на затвореници со Москва.
-
Свет 27.07.2022 17:18
Штрајк на 40 илјади вработени во Велика Британија
Британскиот железнички сообраќај во прекин поради штрајк на околу 40 илјади вработени.
Бараат зголемување на платите, подобрување на условите за работа и побезбедни работни места. Железничките компании, пак, најавија намалување на трошоците што значи и помал број вработени.
-
Свет 27.07.2022 17:14
Стотици загинати, голем број луѓе заглавени по најпоројните дождови во историјата на Пакистан
Стотици загинати во поплавите што го зафатија југозападен Пакистан. Се стравува дека бројот на загинати ќе расте.
-
Свет 27.07.2022 13:16
Земјотрес од 7 степени по Рихтер ги погоди Филипините
Земјотрес од 7 степени по Рихтер ја погоди планинската област во провинцијата Абра на Филипините. Има загинати и повредени. Силниот потрес се почувствувал и до главниот град Манила оддалечен повеќе од 400 километри. Властите издадоа предупредување за цунами и свлечишта.










