• Свет 27.07.2022 12:35

    Бугарските социјалисти утре ќе го вратат мандатот

    Бугарските социјалисти не успеаја да обезбедат мнозинство и ќе го вратат мандатот за состав на нова влада. Се поизвесно е дека ќе има нови избори.

  • Свет 27.07.2022 12:30

    Водителка колабираше на сцена на дебата за лидерство на Конзервативната партија

    Дебатата за лидерство на Конзервативната партија заврши порано од планираното откако водителката Кејт Меккен, колабираше. Претходно, Лиз Трас и Риши Сунак се судрија околу економијата.

  • Свет 27.07.2022 10:25

    Земјотрес со јачина од 7,1 степен на Филипините

    Земјотрес со сила од 7,1 степен по Рихтер регистриран на Филипините. Епицентарот бил на длабочина од 10 километри. Се почувствувал и во главниот град Манила, на повеќе од 400 километри оддалеченост од епицентарот, каде работниците и жителите се евакуирале од зградите и се собрале на улиците.

  • Свет 27.07.2022 10:23

    Трамп навести трета кандидатура за претседател

    Поранешниот американски претседател Трамп навести дека е можно и третпат да влезе во трка за претседателската функција. Рече дека обидот за негов импичмент и истрагата за нападот на Капитол на 6-ти јануари 2021 година, се во насока да го спречат да се кандидира.

  • Свет 27.07.2022 10:16

    Украина и Тајван теми на разговор на Си и Бајден

    Тензиите околу Тајван и војната во Украина најверојатно теми на телефонскиот разговор меѓу претседателите на САД и Кина, Џозеф Бајден и Си Џинпинг, неделава.

    Според портпаролот на Белата Куќа, Џон Кирби, тема најверојатно ќе биде и економското ривалство на двете земји.

     

  • Свет 27.07.2022 10:10

    Зеленски ја доби наградата „Сер Винстон Черчил“

    Британскиот премиер Џонсон на украинскиот претседател Володимир Зеленски му ја додели наградата за лидерство „Сер Винстон Черчил“.

  • Свет 26.07.2022 14:06

    Хрватска: Официјално отворен мостот Пељешац

    Официјално отворен хрватскиот мост Пељешац, кој го поврзува јужниот полуостров Пељешац со остатокот од земјата. Целиот проект, вклучувајќи ги пристапните патишта и купувањето земјиште од приватни лица, е во вредност од 525 милиони евра, од кои 357 милиони евра се обезбедени од грант од ЕУ.

  • Свет 26.07.2022 13:28

    Пожари во Калифорнија и дел од Европа

    Конечно ставен под контрола најголемиот шумски пожар во Калифорнија досега годинава. Екстремно топлото и суво време ги попречуваа напорите на пожарникарите. Администрацијата на Бајден најави садење на над милијарда дрвја на во областите изгорени од пожари.

  • Свет 26.07.2022 13:11

    САД: Можна вонредна состојба поради мајмунски сипаници

    Американските власти размислуваат за прогласување вонредна состојба во јавното здравство поради мајмунските сипаници, откако минатата недела за прв пат во земјата беа откриени две заразени деца.

  • Свет 26.07.2022 12:55

    Трас и Сунак: Време е за нова страница

    Кандидатот за наследник на британскиот премиер Риши Сунак упати обвинувања против Кина, која ја опиша како најголема долгорочна закана за Британија. Неговата противкандидатка Лиз Трас најавува дека нејзиниот главен фокус ќе биде стимулирање на растот.

Pages