Киев тврди-руски проектили Искандер гранатираа населени места во Харков, погоден е студентски дом, има загинати.
-
Свет 18.08.2022 12:14
-
Свет 18.08.2022 11:08
САД ќе почнат трговски преговори со Тајван
Американската влада најави дека ќе почне преговори со Тајван за склучување трговски договор. Одлуката следува откако Пекинг спроведе воени вежби околу островот во обид да се заплаши владата на Тајпеј по посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД Пелоси.
-
Свет 18.08.2022 09:57
Курти: Ќе се откажеме од документите, доколку Србија го стори истото
Косовскиот премиер Албин Курти не ја исклучи можноста косовската Влада да се откаже од издавањето привремени документи за српските државјани доколку од тоа се откаже и официјален Белград.
Мерката е најавена за први септември откако беше одложена за 30 дена под дипломатски притисок.
-
Свет 18.08.2022 09:49
Кабул: Жртви во експлозија во џамија
Се зголемува бројот на жртви во експлозијата во џамијата во Кабул. Десетици се загинати и повредени за време на вечерната молитва во северозападниот дел на авганистанската престолнина.
-
Свет 17.08.2022 19:12
СЗО: Повеќе од 35.000 случаи на мајмунски сипаници во светот
Во 92 земји и територии во светот се регистрирани повеќе од 35.000 случаи на мајмунски сипаници, што е зголемување за 20 отсто во однос на претходната недела, изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебреисус.
-
Свет 17.08.2022 17:42
Брисел: Вучиќ и Курти на одделни средби со Столтенберг
Една година по последниот состанок, а две недели од тензиите на северот на Косово, нова рунда од дијалогот Белград-Приштина на највисоко ниво.
-
Свет 17.08.2022 13:24
Нова граната падна во близина на Запорожје
Продолжува неизвесноста околу нуклеарната централа во Запорожје. Граната експлодираше на десетина метри од контејнер со нуклеарен отпад за време на украинското гранатирање на областа. Борбите не престануваат. Руските сили го бомбардираа Николаев.
-
Свет 17.08.2022 11:08
Продолжува борбата со шумските пожари во Португалија и Шпанија
Повторно се разгоре огнот кој минатата недела беше ставен под контрола во националниот парк „Сера да Естрела“ во Португалија. На терен се повеќе од илјада пожарникари. Се гаси и од воздух.
-
Свет 17.08.2022 10:27
Северна Кореја истрела две крстаречки ракети
Северна Кореја истрела две крстаречки ракети од крајбрежниот град Ончон во водите во близина на нејзиниот западен брег-тврди јужнокорејското министерство за одбрана.
Воени претставници од Јужна Кореја и САД го анализираат лансирањето за дополнителни детали.
-
Свет 17.08.2022 09:36
Продолжува неизвесноста околу „Запорожје“
Граната експлодираше на десетина метри од контејнер со нуклеарен отпад во Запорожје за време на украинското гранатирање на областа- изјави член на управата на регионот.









