ЕУ ја обвини Русија за глобалната криза со храна. Претседателот на европскиот совет Шарл Мишел на состанокот на Советот за безбедност на ООН жестоко го нападна рускиот амбасадор велејќи дека Русија ги користи резервите со храна како „стелт ракета против земјите во развој“.
-
Свет 07.06.2022 12:30
-
Свет 07.06.2022 11:50
Џонсон останува премиер, конзервативците му изгласаа доверба
Со 211 гласа „за“ и 148 „против“, британските конзервативци му изгласаа доверба и му го спасија премиерскиот мандат на Борис Џонсон. Иницијативата на неговите сопартијци беше поведена поради аферата „Партигејт“ за која се извини, плати парична казна, но одби да поднесе оставка.
-
Свет 07.06.2022 10:48
Италија: Запленети 4,3 тони кокаин од Колумбија
Италијанската полиција заплени 4,3 тони кокаин од Колумбија. Уличната вредност се проценува на околу 240 милиони евра.
Со акцијата му е зададен тежок удар на колумбискиот Заливски клан кој оперира во 28 земји.
-
Свет 07.06.2022 10:02
Сеул: Пјонгјанг да се воздржи од воени провокации
Јужна Кореја и САД го повикаа Пјонгјанг да се воздржи од воени провокации. Предурепдија дека доколку продолжи со демонстрирањето на оружјето и нуклеарните тестирања, Вашингтон и Сеул ќе преземат силни и брзи мерки.
-
Свет 07.06.2022 09:57
Построги закони за контрола на оружјето во Њујорк
По зачестените вооружени напади со смртен исход во САД, властите во Њујорк потпишаа пакет од 10 закони за контрола на оружјето.
-
Свет 07.06.2022 09:53
Борис Џонсон останува премиер, конзервативците му изгласаа доверба
Со 211 гласа „за“ и 148 „против“, конзервативците му изгласаа доверба и му го спасија премиерскиот мандат на Борис Џонсон. Гласањето беше на иницијатива на педесетина негови сопартијци поради аферата „Партигејт“.
-
Свет 07.06.2022 09:18
Прашањето за блокираното жито, во фокусот на светските политичари
ЕУ ја обвини Русија за глобалната криза со храна. Претседателот на европскиот совет Шарл Мишел на состанокот на советот за безбедност на ООН жестоко го нападна рускиот амбасадор велејќи дека Русија ги користи резервите со храна како „стелт ракета против земјите во развој“.
-
Свет 06.06.2022 22:20
Џонсон останува на функцијата премиер на Велика Британија
Борис Џонсон доби доверба од пратениците на ториевците со 211 спрема 148.
Тоа значи дека ќе остане на својата функција како премиер.
Сем Греам Брејди изјави: „Можам да објавам дека пратениците имаат доверба во премиерот“.
-
Свет 06.06.2022 16:57
Воените ветерани во Косово се судрија со полицијата
Косовските воени ветерани се судрија со полицијата во Националното собрание во Приштина.
Револтирани од висината на пензиите, се обидоа да ги пробијат бариерите при што беа повредени неколку лица.
-
Свет 06.06.2022 15:32
Џонсон ќе се соочи со гласање за доверба
Британските конзервативци гласаат за доверба на премиерот Борис Џонсон. Иницијативата е поднесена од 54 пратеници, но за да биде сменет од функцијата ќе бидат потребни гласови од најмалку 180.










