• Свет 20.08.2021 11:20

    Пожарите во Калифорнија немаат крај

    Големите пожари во американската држава Калифорнија уништија повеќе од 400 илјади хектари земја. Повеќе од десет големи пожари горат во Калифорнија, а многу луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови.

  • Свет 20.08.2021 11:07

    Модифицирана „Спутник В“ против делта сојот

    Руските истражувачи објавија дека ја модифицирале вакцината „Спутник В“, која се користи повеќе од година дена, за употреба против позаразниот делта сој.

    И останатите произведувачи во светот работат на модифицирање на своите вакцини за да бидат повеќе ефикасни против делта сојот.

  • Свет 20.08.2021 10:42

    Австралија: Продолжен карантинот до крајот на септември

    Карантинот во најголемиот австралиски град Сиднеј е продолжен до крајот на септември, додека властите се обидуваат да го прекинат ширењето на делта сојот.

  • Свет 20.08.2021 09:47

    САД: Шест милиони долари за евакуација на авганистанските цивили

    Шест милиони долари биле собрани за два дена по апелот за донации за итна евакуација на повеќе од 300 авганистански цивили за кои се смета дека се цел на Талибанците.

    Меѓу бегалците имаадвокати за човекови правата, активисти, новинари, лица за врски со владата, уметници и преведувачи.

  • Свет 19.08.2021 13:32

    Талибанците прогласија формирање Исламски Емират Авганистан

    По 20 години, Талибанците повторно прогласија формирање на Исламски Емират Авганистан. Со земјата ќе владее врховен лидер и талибански совет, слично како во периодот од 1996 до 2001 година.

  • Свет 19.08.2021 12:17

    Хезболах: Ирански танкер се движи кон Либан

    Хезболах предупреди – ирански танкер се движи кон Либан, а Израел и САД не смеат да го пресретнат.

    Со доставата на пратката со нафта, организирана од оваа либанска група,  се прекршуваат санкциите за Техеран кои беа воведени по повлекувањето на САД од нуклеарниот пакт.

  • Свет 19.08.2021 11:36

    СЗО: Нема потреба од трета доза на вакцина против Ковид-19

    СЗО тврди - нема потреба од трета доза на вакцината против коронавирус. Приоритет за имунизација треба да бидат најранливите групи во светот, пред да се воведе таканаречената „засилувачка“ доза.

  • Свет 19.08.2021 10:19

    Бајден: Војската останува до последниот евакуиран Американец

    Американските војници ќе останат во Авганистан сѐ додека не биде евакуиран и последниот Американец. Претседателот Џо Бајден нагласи дека е можно трупите да останат и по 31-ви август, рокот за нивно повлекување. Според него, хаосот бил неизбежен во овој процес.

  • Свет 18.08.2021 12:47

    Талибанците ќе формираат „сеопфатна влада“

    „Лидерите на авганистанските Талибанци нема да бидат тајни“, тврди претставник на оваа група која во последните 20 години имаше челници кои не му беа познати на светот.

  • Свет 18.08.2021 10:52

    Нов Зеланд: Карантин поради единствен сомнителен случај на делта

    Нов Зеланд повторно во карантин откако поради еден потврден случај на коронавирус, првиот во последните шест месеци. Затворени се училиштата, канцелариите и бизнисите, а граѓаните имаат пристап само до основните услуги.

Pages