Директорот на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус во Токио, пред 138-та седница на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), предупреди на закана од поопасен вид коронавирус отколку варијантата Делта.
-
Свет 21.07.2021 10:34
-
Свет 21.07.2021 10:03
Поплави во кинеската провинција Хенан, евакуирани над 100.000 лица
Делови од кинеската провинција Хенан останаа поплавени откако поројниот дожд предизвика реките да се излеат на бреговите и да ги остават улиците во десетици градови потопени во вода.
-
Свет 21.07.2021 09:42
Макрон цел на шпионскиот софтвер „Пегаз“
Eден од телефонските броеви на францускиот престедател Емануел Макрон се наоѓал на списокот на потенцијални цели на шпионскиот софтвер „Пегаз“.
-
Свет 20.07.2021 13:17
Неформален состанок на министрите за животна средина на ЕУ
Педесет степени во северозападна Канада, четириесет степени во Сибир, поплави, пожари- мора нешто да сториме, министрите за животна средина на Европската унија на дводневен состанок на Брдо кај Крањ.
-
Свет 20.07.2021 12:04
Ариел Анри нов премиер на Хаити
Властите на Хаити ја одобрија новата влада во земјата, предводена од Ариел Анри, кого убиениот претседател Жовенел Моиз го назначи за премиер два дена пред атентатот.
-
Свет 20.07.2021 11:22
Две ракети испалени кон Израел
Две ракети лансирани од Либан рано изутрината го вклучија алармот во северниот дел на Израел. Израелската армија објави дека одговорила на нападот со артилериски оган.
-
Свет 20.07.2021 10:48
Ракети го погодија центарот на Кабул
Најмалку три ракети паднале во центарот на Кабул, непосредно пред обраќањето на претседателот Гани по повод одбележувањето на муслиманскиот празник Курбан Бајрам.
-
Свет 20.07.2021 10:12
Ден на жалост во Белгија за жртвите од поплавите
Во Белгија е прогласен ден на жалост во знак на жртвите од поплавите. 31 лице загина во невремето што го зафати истокот и југот на Белгија во текот на минатата недела. Ж
На пладне сите знамиња ќе бидат спуштени на половина копје и ќе се одбележи со една минута молк во целата држава.
-
Свет 19.07.2021 13:04
Германија: Поплавите предизвикаа штета од неколку милијарди евра
Расте црниот биланс на жртви во поплавите во Германија. Стотици се водат за исчезнати. Земјата се соочува со најголемата природна катастрофа во последните 60 години. Повеќе од 100 загинати има во околината на Келн, на запад во земјата.
-
Свет 19.07.2021 12:06
ЕУ пред САД по вакцинирани луѓе со прва доза
Европската унија вакцинирала повеќе луѓе против Ковид-19 со прва доза во споредба со САД, покажуваат податоците на „Our World in Data”, објавени од Евроњуз.










