Продолжува бранот мигранти кон европскиот континент.
Шпански патролен брод пресретнал на отворено море брод со 41 мигрант, од кои 9 жени и 3 деца, во близина на островот Ел Хиеро.
Продолжува бранот мигранти кон европскиот континент.
Шпански патролен брод пресретнал на отворено море брод со 41 мигрант, од кои 9 жени и 3 деца, во близина на островот Ел Хиеро.
Шефовите на дипломатиите на Кина, Авганистан, Пакистан, Непал, Шри Ланка и Бангладеш на видеоконференција се согласија да ја продлабочат антиепидемиската соработка, бидејќи голем број земји од јужна Азија се соочуваат со бран на новозаболени со Ковид-19.
Недостатокот на медицински кислород и се заканува на Индија која е соочена со енормен прилив на новозаболени од Ковид-19.
Болниците се преполни и веќе не можат да примаат нови пациенти.
Речиси 5,7 милиони нови случаи на коронавирус се регистрирани ширум светот во изминатите седум дена, што е за осум проценти повеќе од претходната недела, соопшти Светската здравствена организација.
Турскиот претседател Ердоган најави целосно затворање на земјата до 17-ти мај со цел да се стопира ширењето на коронавирусот. Пикот во Турција беше забележан на 16-ти април со повеќе од 63.000 новозаразени во 24 часа.
Продолжуваат разговорите во Виена со цел заживување на нуклеарниот договор со Иран од 2015-та година.
САД во наредните месеци ќе поделат 60 милиони вакцини на „АстраЗенека“ на други земји, односно откако ќе завршат федералните безбедносни проверки. Земјата има огромна залиха на вакцини од овој производител, иако регулаторите сѐ уште ја немаат одобрено нејзината употреба.
Европската унија почна правна постапка против шведско-британската фармацевтска компанија „Астра Зенека“ за непочитување на договорот за испорака на вакцини против коронавирусот.
Светската здравствена организација се очекува во наредните две недели да одлучи дали итно ќе одобри употреба на две кинески вакцини против коронавирусот.
Генерал Скот Милер, највисокиот американски командант во Авганистан, потврди дека странските трупи почнуваат да ги напуштаат воените бази во земјата кои сега ќе им бидат предадени на авганистанските сили.