Францускиот претседател Макрон изјави дека е потребно „да се дефинираат јасните црвени линии кон Русија“ и дека е подготвен да воведе санкции во случај на „неприфатливо однесување“ од страна на Москва.
-
Свет 18.04.2021 14:18
-
Свет 18.04.2021 14:09
Протерани 18 руски дипломати
На осумнаесет руски дипломати идентификувани како шпиони им е даден рок од 48 часа да ја напуштат Чешка, соопштија властите. Според премиерот, чешките разузнавачки агенции доставиле докази за вмешаност на руски воени агенти во експлозијата во магацин за оружје во која загинаа две лица.
-
Свет 18.04.2021 13:39
За 24 часа повеќе од 600.000 вакцинирани
Британските власти соопштија дека во последните 24 часа биле вакцинирани повеќе од 600.000 луѓе.
Според нив, 119.306 граѓани примиле прва доза, а 485 421 втора доза вакцина. Земјата ја почна вакцинацијата во декември.
-
Свет 18.04.2021 13:31
Трет ден над 800.000 новозаразени од Ковид-19
Во изминатите 24 часа, во светот се потврдени повеќе од 800 илјади нови случаи на коронавирус.
-
Свет 17.04.2021 21:11
Принцот Филип погребан во замокот во Виндзор
Во капелата на замокот Виндзор денес се одржа погребот на принцот Филип, кој, според информациите, самиот го испланирал.
-
Свет 17.04.2021 16:31
Украина подготвува одговор за Русија
Украина подготвува мерки за руски дипломати по приведувањето на украинскиот конзул во Санкт Петербург. Министерството за надворешни работи соопшти дека во согласност со постоечката пракса и принципот на реципроцитет, украинската страна подготвува соодветен одговор.
-
Свет 17.04.2021 14:15
Премиерот Суга прв странски гостин во Белата куќа
Јапонскиот премиер Суга е првиот странски челник со кој во живо се сретна американскиот претседател Бајден во Белата куќа.
-
Свет 17.04.2021 13:29
Русија да гарантира пристап до украинските пристаништа“
НАТО изрази загриженост за поморските воени вежби околу полуостровот Крим. Побара од Русија да гарантира слободен пристап до украинските пристаништа на Азовското море.
-
Свет 17.04.2021 13:12
Трудниците да се вакцинираат со „Фајзер“ или „Модерна“
Бремените жени во Велика Британија треба да бидат вакцинирани со вакцината на „Фајзер“ или „Модерна“ затоа што има пореални податоци за нивната безбедност, објави британската заедничка комисија за вакцинација и имунизација.
-
Свет 16.04.2021 12:53
Тензично долж украинско- руската граница, САД и Русија со нова дипломатска војна
Претседателите на Франција и Украина, Емануел Макрон и Володимир Зеленски на видеоконференција со германската канцеларка Ангела Меркел поради опасноста од повторно разгорување на конфликтот со руските единици на граничниот премин. Меѓу главните точки е и барањето на Киев за пристап во НАТО.










