Во поголемиот дел на Балканот во текот на вечерта паѓаше снег.
Снег во Мостар, но и во делови на Далмација. Бура имаше во Каштела, мало гратче близу Сплит, а ваквото време во овие области не е вообичаено дури ниту во текот на зимските денови.
Во поголемиот дел на Балканот во текот на вечерта паѓаше снег.
Снег во Мостар, но и во делови на Далмација. Бура имаше во Каштела, мало гратче близу Сплит, а ваквото време во овие области не е вообичаено дури ниту во текот на зимските денови.
Најмалку шеснаесет лица загинаа, а 14 биле повредени во директен судир меѓу автобус и комбе во близина на северозападниот мексикански град Каборка.
Несреќата се случила во близина на рудник за злато, а двете возила превезувале работници во рудникот.
Украинскиот претседател Зеленски го повика НАТО да го отвори патот на неговата земја да се приклучи на западниот воен сојуз.
Сопствениците на ресторани и други граѓани незадоволни од епидемиолошки мерки на италијанската Влада, поради кои не работат со недели, се судрија со полицијата за време на протестите пред парламентот во Рим.
Прашањата за тоа дали ретките, но сериозни случаи на згрутчување на крвта се почести кај оние кои добиле Астразенека отколку кај општата популација и што ги предизвикува и понатаму ја нарушуваат довербата во вакцината.
Иако процесот на имунизација и натаму се соочува со проблеми, повеќето држави во светот напредуваат во вакцинирањето на своите граѓани.
Нов земјотрес околу Петриња, Хрватска. Евидентирани се 4,6 степени по Рихтер, а епицентарот е на 20 километри од градот во кој од почетокот на годинава беа регистрирани силни тектонски движења во кои имаше жртви и непроценлива материјална штета.
Процесот на вакцинација се забрзува на глобално ниво, но мерките остануваат задолжителни. Во Германија инцидент при полициска контрола за почитување на рестрикциите.
Американскиот Стејт департмент со резервиран оптимизам околу индиректните разговори со Техеран во Виена за враќање кон Нуклеарниот пакт. Целта е да се постигне договор во рок од два месеца.
Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша законот што му дозволува повторно да се кандидира и да владее до 2036-та година.