Бројот на заразени од Ковид-19 на глобално ниво надмина 14 милиони. За 24 часа се регистрирани 166.735 новозаболени, а починале 4.496 луѓе- соопшти Светската здравствена организација.
-
Свет 20.07.2020 10:43
-
Свет 18.07.2020 13:24
САД: Трет ден рекорден број на заразени од Ковид-19
Во САД е регистрирано рекордно зголемување на нови случаи на коронавирус трет ден по ред, објави универзитетот Џонс Хопкинс. За 24 часа биле потврдени над 77.000 заразени лица, со што вкупниот број заразени во САД надмина 3,5 милиони. Починале околу 140 000.
-
Свет 17.07.2020 15:29
Лидерите на ЕУ во обид да договорат буџет од 1,1 милијади евра
Шефовите на држави и влади на ЕУ на дводневен самит во Брисел. Се прави обид да се договори долгорочниот буџет од 1,1 илјада милијарди ерва и времениот инструмент од 750 милиони евра за борбата против коронавирусот.
-
Свет 17.07.2020 11:12
Бразил: За 27 дена потврдени еден милион заразени
Бројот на заразени лица со коронавирус во Бразил надмина два милиона. Бразилското министерство за здравство соопшти дека досега починале речиси 77.000 луѓе.
-
Свет 16.07.2020 10:52
Европа го намалува Данокот на додадена вредност за туризмот
Единаесет европски земји привремено ќе го намалат ДДВ за туристичките услуги со цел да му помогнат на овој сектор кој е меѓу најпогодените од пандемијата со ковид-19. Кон мерката објавена од Европското здужение на хотели, ресторани и угостителски објекти се придружуваат и Турција и Грција.
-
Свет 15.07.2020 12:41
Трамп потпиша налог за укинување на специјалниот статус на Хонгконг
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша закон со кој се воведуваат нови санкции за кинески поединци и институции вклучени во процесот за отстранување на автономијата на Хонгконг.
-
Свет 15.07.2020 10:28
Ковид-19: Привршуваат клиничките испитувања на вакцината
Во САД евидентирани над 63.000 заболени со Ковид-19 во последното деноноќие. Рекорден број починати е регистриран во Флорида, Алабама и Северна Каролина. Американскиот фармацевтски концерн „Модерна Инк“ соопшти дека кон крајот на јули ќе привршат клиничките испитувања за вакцината.
-
Свет 14.07.2020 14:59
Под паролата „Ангажирана, обединета и солидарна нација“ се одбележа националниот празник на Франција
За прв пат во современата историја на Франција 14-ти јули се празнува на овој начин. Настан кој вообичаено е следен од толпа народ на Елисејските полиња, годинава не беше отворен за публиката, а традиционалното воено дефиле, беше сведено на минимум.
-
Свет 14.07.2020 12:39
СЗО: Нема враќање во нормала во скоро време
Светот во догледна иднина нема да се врати во некогашната нормала, оцени Светската здравствена организација, непосредно по рекордните 230.000 нови случаи на коронавирус во светот.
-
Свет 13.07.2020 11:14
Бајден победи на внатрепартиските избори во Порторико
Џо Бајден победи на внатрепартиските избори кај демократите во Порторико, со што официјално стана демократски претседателски кандидат за изборите во ноември во САД.









