Демонстрантите повторно ги окупираа улиците во Софија барајќи оставка на премиерот Борисов. Поставените шатори ги блокираат трите сообраќајници во главниот бугарски град пред Парламентот како место од каде секоја вечер почнуваат протестите.
-
Свет 14.08.2020 11:23
-
Свет 13.08.2020 12:36
Расте бројот на заразени со Ковид-19 во светот
Се зголемува бројот на заразени од коронавирусот во светот. Нови случаи пријавија Украина, Бразил, Нов Зеланд, Кина и Мексико, каде само за само едно деноноќие се регистрирани над 700 починати.
-
Свет 12.08.2020 13:04
Грција бара итен состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ
Грција инсистира на вонреден состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, поради одлуката на Турција да почне сеизмичко истражување во спорната област на источниот Медитеран.
-
Свет 11.08.2020 13:35
Либан: Државниот врв бил предупреден за опасноста
Либанските разузнавачи минатиот месец ги предупредиле премиерот и претседателот дека складираниот амониум нитрат во Бејрутското пристаниште е безбедносен ризик и ако експлодира, може да го уништи главниот град.
-
Свет 11.08.2020 12:03
Белорусија: Продолжуваат нередите по изборните резултати
Уште една ноќ со протести и немири во Белорусија. Десетици се повредени, има и нова жртва од детониран експлозивен уред. Демонстрантите и натаму одбиваат да ги прифатат резултатите од претседателските избори на кои триумфираше Лукашенко и успеа да го продолжи својот мандат до 2025 година.
-
Свет 11.08.2020 10:20
Либан: Претседателот ја прифати оставката на Владата
Претседателот на Либан, Мишел Аун ја прифатил оставката на Владата предводена од премиерот Хасан Дијаб поднесена под притисок на јавноста поради експлозијата на пристаништето во Бејрут.
-
Свет 10.08.2020 14:27
Белорусија: Хаос по изборите, во Минск протести
Победата на Лукашенко не е за изненадување, неизвесно беше само дали тој ќе победи уште во првиот круг бидејќи имаше сериозен противкандидат, вели добриот познавач на приликите во земјите од поранешниот Советски сојуз, Адамчевски.
-
Свет 10.08.2020 11:35
Заразени над 20 милиони со Ковид-19
Бројот на луѓе кои се заразени со Ковид-19 во светот надмина 20 милиони. Од почетокот на епидемијата починале над 730 илјади луѓе, а речиси 13 милиони оздравеле.
-
Свет 07.08.2020 10:45
Антивладини протести во Бејрут, Макрон им вети помош
Судири меѓу либанските демонстранти и полицијата во Бејрут. Револтираните граѓани се обидоа да стигнат до владиниот комплекс во центарот на престолнината, но полицијата им одговори со солзавец. Немирите следуваат по разорната експлозија во магацинот за пиротехника која усмрти нaд 130 луѓе.
-
Свет 06.08.2020 12:24
Одбележани 75 години од нападот врз Хирошима
Поминаа 75 години од првата експлозија на атомска бомба врз јапонскиот град Хирошима. Американски воен авион ја фрли на 6 август 1945, од што до крајот на годината од екплозијата и радијацијата, животот го загубија 140 илјади луѓе.










