Патнички авион на американската авиокомпанија „Делта ерлајнс“ исфрли авионско гориво врз училиште во близина на Лос Анџелес поради принудно слетување на меѓународниот аеродром предизвикано од дефект во моторот.
-
Свет 15.01.2020 10:35
-
Свет 15.01.2020 10:04
Нова снимка покажува дека две ракети го собориле украинскиот авион
Американскиот весник „Њујорк Тајмс“ објави видео на кое се гледа дека украинскиот авион бил соборен со две ракети испалени во интервал од 30 секунди од страна иранските воени сили.
-
Свет 14.01.2020 13:34
Апсења поради соборувањето на авионот, Рохани бара формирање специјален суд
Иранското правосудство соопшти дека се уапсени неколку лица поради ненамерното соборување на украинскиот авион при што загинаа 176 патници и членови на екипажот. Претходно претседателот Хасан Рохани побара формирање на специјален суд за истрагата за минатонеделната несреќа.
-
Свет 14.01.2020 11:32
Пожарите може да станат редовна појава во Австралија
„Пожарите во Австралија, можат да станат редовна појава“, предупредуваат научниците. Според заклучоците од 57 научни извештаи се наведува дека зачестуваат условите познати како „огнено време“ коишто се комбинација од високи температури, мала влажност, слаби врнежи од дожд и засилен ветер.
-
Свет 14.01.2020 10:56
Хафтар објасни зошто не го потпишал примирјето во Либија
„Проектот за договор игнорира многу од барањата на армијата“, изјави командантот на Либиската национална армија (ЛНА) Калифа Хафтар кој не го потпиша договорот за примирје со Владата во Триполи на Фаез Сараџ.
-
Свет 14.01.2020 10:22
Трамп: Моите демократски ривали се сојузници на иранските власти
Американскиот претседател Доналд Трамп со жестоко критика до демократските противници, обвинувајќи ги дека се сојузници на иранските власти.
-
Свет 13.01.2020 13:14
Протести поради соборувањето на украинскиот авион
Илјадници луѓе излегоа на улиците на Техеран во знак на протест откако властите по неколку дена сепак признаа дека по грешка го собориле украинскиот патнички авион. „Некомпетентната револуционерна гарда е обележје на нашата нација“ - извикуваа демонстрантите.
-
Свет 13.01.2020 11:00
Моралес ги повикал граѓаните да се самоорганизираат
Поранешниот претседател на Боливија, Ево Моралес, го оправдува повикот за формирање вооружени групи во неговата земја, што го испратил до граѓаните. Снимките беа објавени на државното радио.
-
Свет 13.01.2020 10:37
Анкета: Американците веруваат дека САД се понебезбедни
Мнозинство од американците не го одобруваат начинот на кој претседателот Трамп се справува со иранската криза и се чувствуваат понебезбедно.
Според анкетите само 25 насто изјавиле дека се чувствуваат побезбедно, додека пак 22 насто сметаат дека состојбата не се променила.
-
Свет 13.01.2020 09:55
Либиските ривалски челници ќе потпишат примирје
Шефот на меѓународно признаената либиска влада за национално единство, Фаез Ал-Сараж и неговиот ривал, командантот Калифа Хафтар од источна Либија, се очекува да потпишат примирје во Москва.




