Мртва трка за градоначалничката позиција во најголемиот град на Турција. Во Истанбул прогласија победа и кандидатот на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) и на турската опозициска Републиканска народна партија (ЦХП).
-
Свет 01.04.2019 13:47
-
Свет 29.03.2019 13:37
Забрана за вршење на јавна функција на Гуаидо
Меѓународната контакт- група за Венецуела ја осуди одлуката на Владата на претседателот Николас Мадуро со која му се забранува на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо да врши јавни функции во наредните 15 години.
-
Свет 28.03.2019 13:56
„Фејсбук“ забранува екстремизам од белата раса
Менаџментот на социјалниот медиум ќе ги подобрува капацитетите за откривање и блокирање материјали од терористички групи. Луѓето кои пребаруваат навредливи поими ќе почнат да ги поврзуваат со хуманитарна организација која се бори против крајнодесничарскиот екстремизам.
-
Свет 27.03.2019 13:47
Парламентот со серија гласања за Брегзит
Пратениците во Вестминстер со серија гласања се во потрага по сценарио за Брегзит што би имало најголема поддршка во Долниот дом. Меѓу предлозите се и откажување, но и Брегзит без договор.
-
Свет 26.03.2019 12:24
Пратениците презедоа контрола за Брегзит
Нов пораз за Владата на премиерката Тереза Меј откако со 329 гласа „за“ и 302 “против“ беше изгласан меѓупартиски амандман кој овозможува серија гласања за опциите за излез на Обединетото Кралство од Европската Унија.
-
Свет 25.03.2019 13:46
Повредени во ракетен напад од појасот Газа
Неколкумина повредени во ракетен напад од Појасот Газа. Цел на гранатирање била семејна куќа во село, 80 километри оддалечено од местото каде што е истрелана ракетата.
Се разбудивме од звукот, не од предупредувањето. Не ја слушнавме сирената.
-
Свет 21.03.2019 14:28
Меј на средби со лидерите на ЕУ во Брисел
Британската премиерка Тереза Меј во Брисел на средби со лидерите на земјите-членки на ЕУ. Главна тема е предложеното одложување на рокот за Брегзит кој е планиран за 29 март. Во писмо до Брисел, Меј бара пролонгирање на стапувањето во сила на членот 50 до 30 јуни.
-
Свет 20.03.2019 16:02
Пресуда за Радован Караџиќ
Конечна пресуда од Механизмот за меѓународни казнени судови во Хаг за првиот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ. Обвинет е за најтешки воени злосторства извршени на европската територија по Втората светска војна, вклучувајќи ги геноцидот во Сребреница и опсадата на Сараево.
-
Свет 19.03.2019 13:32
Соработници на Гуаидо презедоа објекти во САД
Претставници на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо презедоа контрола над три нивни дипломатски објекти на Венецеуела во САД. Заземени се две згради на Министерството за одбрана кои припаѓаат на Венецуела во Вашингтон и една конзуларна во Њујорк.
-
Свет 19.03.2019 11:24
Се утврдуваат мотивите за нападот во Утрехт
Холандската полиција ги утврдува мотивите за смртоносниот напад во холандскиот град Утрехт. 37-годишниот Турчин Ѓокмен Танис усмрти три лица во трамвај и рани неколкумина. Потоа успеа да им побегне на полициските офицери кои речиси цел ден трагаа по него пред конечно да го уапсат.










