Индија бара ослободување на воениот пилот чијшто авион беше соборен од пакистанската армија. Го обвини Исламабад за напади кон воени објекти на индиската страна на Кашмир. Осуда и за објавената снимка од заробениот пилот, која според Њу Делхи, е непочитување кон воените сили.
-
Свет 28.02.2019 14:43
-
Свет 27.02.2019 15:06
Затворен воздушен простор, соборени индиски авиони
Пакистан го затвори воздушниот простор откако армијата собори два индиски авиони. Пилотите се заробени. Едниот е в болница, а вториот во притвор. Најновиот инцидент следува откако соседната земја изврши прекуграничен напад за прв пат по војната од 1971 година.
-
Свет 25.02.2019 12:10
Нови судири на границата со Бразил
Нови судири на границата меѓу Венецуела и Бразил каде што со камења и солзавец силите ги одмерија демонстрантите и припадниците на Националната гарда на претседателот Николас Мадуро. Во судирите веќе има неколку жртви. Десетици се повредени.
-
Свет 21.02.2019 14:49
Мртви и повредени во голем пожар во Дака
Жртви и повредени во голем пожар во станбена зграда во Дака, Бангладеш. Огнот избувна во објект каде што имало запаллив материјал на приземјето, поради што пожарот брзо се проширил.
-
Свет 19.02.2019 14:17
Трамп со закани до војската на Венецуела
Претседателот на Америка, Доналд Трамп со најостри закани до воените власти во Венецуела, предупредувајќи дека ќе загубат сè доколку му останат лојални на претседателот Николас Мадуро. Неговиот говор во Мајами го следеа Американци со потекло од Венецуела, којашто се соочува со економски колапс.
-
Свет 18.02.2019 14:55
Влошени односи со ЕУ по инцидентот со пратениците
Властите во Венецуела забранија влез на политичка делегација од ЕУ, тврдејќи дека зад посетата се крие заговор. Од Министерството за надвошени работи во Каракас тврдат дека пратениците од Европската народна партија биле информирани претходно дека нема да добијат дозвола за влез.
-
Свет 15.02.2019 14:00
Конгресот усвои компромисна финансиска мерка
По Сенатот, и Претставничкиот дом на американскиот Конгрес ја одобри компромисната финансиска мерка која обезбедува средства за да се спречи ново делумно исклучување на владата без да се обезбедат пари што претседателот Доналд Трамп ги побара за ѕидот на границата меѓу САД и Мексико.
-
Свет 13.02.2019 14:25
Премиерката Меј пред парламентот за Брегзит
Премиерката на Обединетото Кралство Тереза Меј и пратениците во британскиот парламент продолжуваат со седниците за Брегзит.
-
Свет 12.02.2019 14:26
Начелен договор за избегнување на нова блокада
По неуспешните преговори за време на викендот, Демократите и Републиканците во Капитол хил постигнаа начелен договор за граничната безбедност на САД со што продолжува финансирањето на Владата и се избегнува нова блокада на нејзините агенции.
-
Свет 07.02.2019 10:58
Расте бројот на загинати во пожарот на нафтоводот
Причина за експлозијата на нафтоводот Туспан-Тула што се случи пред неколку дена е незаконско сечење на цевката. Новата мексиканска Влада од почетокот на годината започна активна борба против кражбите на бензин. Покрај тоа, сите рафинерии во земјата се во надлежност на војската.










