• Свет 21.01.2019 11:19

    Протест против предавањето на Курилите на Јапонија

     Русите излегоа на протест за да се спротивстават на идејата за одземање на четирите стратегиски острови во Курилскиот архипелаг, кои Советскиот сојуз ги анектиаше по крајот на Втората светска војна.

  • Свет 21.01.2019 11:16

    Израел напаѓа ирански цели околу Дамаск

     Во нападот загинале четири лица. Одбранбените сили на Израел сакале да уништат арсенали со муниција и во близина на меѓународниот аеродром. Потврдија дека десетина сириски проектили копно-воздух биле лансирани и покрај предупредувањата да се избегнува таква операција.

  • Свет 18.01.2019 14:11

    Нова битка меѓу Трамп и Пелоси

    Нова битка во речиси едномесечната војна меѓу Белата куќа и Конгресот на САД.

  • Свет 17.01.2019 14:13

    Историски пораз, па победа на Меј во парламентот

    По поразот на договорот за Брегзит, британската премиерка Тереза Меј го преживеа гласањето за недоверба во Парламентот, повикувајќи ги политичарите да ги остават на страна своите лични интереси, за да биде најден излез од ќор-сокакот за истапувањето на Велика Британија од ЕУ.

  • Свет 17.01.2019 14:07

    Изгласана довербата на грчката Влада со 151 глас

     Премиерот Ципрас сега го насочува вниманието кон ратификацијата на договорот од Преспа. Оваа дебата во Законодавниот дом се очекува да почне идната недела.

  • Свет 16.01.2019 11:42

    Парламентот го одби договорот на Меј за Брегзит

     Резултатот се смета и за најголемиот пораз на владејачка гарнитура во историјата на земјата и поради тоа што предлогот на премиерката не доби зелено светло ни од 118 членови од  редовите на нејзината Конзервативна партија.

  • Свет 15.01.2019 13:43

    Лансираниот сателит не стигна во орбитата

    Ракетата која го носеше сателитот „Пајам“ не ја достигна неопходната брзина во третата фаза од лансирањето, иако првите две етапи поминале успешно.

  • Свет 15.01.2019 13:41

    Рама: Поддршка за договор меѓу Белград и Приштина

     Потенцираше дека спогодбата треба да резултира со признавање на Косово и негово одделување од историјата со Србија.

  • Свет 15.01.2019 13:00

    Гутереш и Абас за дводржавно решение

    Претходно, Гутереш изрази силна поддршка за формирање независна палестинска држава, пред САД да го објават својот план за решавање на израелско-палестинскиот судир. Двете страни се борат за територијата на Ерусалим кого го сметаат за престолнина.

  • Свет 15.01.2019 12:58

    Телефонски разговоро меѓу Трам и Ердоган

     Челникот на Белатас куќа потенцирал дека сака соработка за да се решат безбедносните проблеми на североистокот на земјата, повикувајќи ги турските власти за цивилизиран однос кон Курдите и другите национални групации кои беа сојузници на САД во борбата против терористичката група Исламска држава

Pages