• Свет 30.10.2018 13:00

    Продолжува потрагата по телата на загинатите и остатоците од урнатиот индонезискиот Боинг

    По страшната авионска несреќа во која Боинг 737 се урна во морето во близина на индонезискиот брег, спасувачките тимови продолжуваат со потрагата по тела и остатоци од авионот. Десетици нуркачи ја пребаруваат областа, а властите соопштија дека сите 189 патници и членови на екипажот загинале.

  • Свет 30.10.2018 12:54

    Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

    Земјотрес со интензитет од 6,1 степен по Рихтер го погоди северниот остров на Нов Зеланд. Потресот го почувствувале илјадници луѓе, но нема информации за жртви, ниту за посериозна материјална штета.

  • Свет 30.10.2018 12:25

    Поплави во Венеција, има загинати

    Бранот лошо време со поплави што во неделата ја зафати Италија однесе најмалку шест животи. Многу училишта се затворени во Венеција, каде што нивото на водата достигна рекордно ниво.

  • Свет 30.10.2018 11:49

    Индонезија: Спасувачките тимови трагаат по тела

    По страшната авионска несреќа во која Боинг 737 се урна во морето во близина на индонезискиот брег, спасувачките тимови продолжуваат со потрагата по тела и остатоци од авионот.

  • Свет 30.10.2018 11:05

    САД испраќа војници на границата со Мексико

    Пентагон праќа 5.200 војници на границата меѓу САД и Мексико во рамките на мерките кои се спроведуваат против мигрантскиот карван. Трупите ќе се стационираат до крајот на неделава каде што ќе им асистираат на веќе мобилизираните 2.000 граничари.

  • Свет 30.10.2018 10:29

    Макрон: Достоинствена одлука на Меркел

    Францускиот претседател Макрон смета дека одлуката на германската канцеларка Меркел да се повлече од функцијата по истекот на мандатот кон крајот на 2021 година е исклучително достоинствена.

  • Свет 29.10.2018 16:44

    Приведени над 20 лица за поткуп за бугарско државјанство

    Во синхронизирана акција во бугарската Агенција за бугарите во странство се приведени 20 вработени поради злоупотреба на службената должност, земање поткуп и фалсификување на документи. Меѓу приведените е и претседателот на Агенцијата, Петар Харалампиев.

  • Свет 29.10.2018 14:03

    Меркел нема да се кандидира за лидерска позиција на ЦДУ

    Германската канцеларка Ангела Меркел најави дека по истекот на мандатот во 2021-ва година ќе се повлече од функцијата. Нема да се кандидира ни за нов мандат за лидер на Христијанско-демократската унија.

  • Свет 29.10.2018 13:34

    Болсонаро избран за нов претседател на Бразил

    Со освоени над 55% од гласовите, десничарот Жаир Болсонаро застанува на чело на Бразил во наредните четири години. Претседателскиот кандидат од конзервативната Социјал-либерална партија, водеше жестока кампања против корупцијата и криминалот.

  • Свет 29.10.2018 11:36

    Авион со 189 патници и екипаж се урна во море

    Авион на индонезиската компанија „Лајон ер“ кој полетал од џакарта со 189 патници се урнал во море неколку минути по полетувањето. Спасувачите пронашле остатоци од боингот 737 во близина на Караванг во провинцијата Западна Јава, на околу 70 километри источно од Џакарта.

Pages