• Свет 02.10.2018 11:06

    Вучиќ на разговори со Путин за ситуацијата во Косово

    Српскиот претседател Александар Вучиќ во Москва разговара со претседателот на Русија Владимир Путин, на, како што рече, еден од најзначајните состаноци. Вучиќ истакна дека состојбата во регионот е сложена и дека е потребно да се одмерува секој збор и политички потег.

  • Свет 02.10.2018 10:40

    Жестоки судири во Барселона

    Илјадници демонстранти се судрија со полицијата во каталонската престолнина Барселона и во Жирона при одбележувањето на годишнината од референдумот за независност на покраината суспендиран од шпанскиот Врховен суд.

  • Свет 01.10.2018 14:32

    Северна и Јужна Кореја деминираат дел од границата

    Северна и Јужна Кореја почнаа да ги отстрануваат минските полиња на нивната силно утврдена меѓусебна граница, што е дел од процесот за намалување на тензиите меѓу двете земји.

  • Свет 01.10.2018 12:45

    Канада се приклучува кон трговскиот договор меѓу САД и Мексико

    По сложени 13-месечни преговори, и само 90 минути пред истекот на крајниот рок утврден од Вашингтон, Канада реши да се вклучи во трговскиот договор со САД и Мексико, којшто е нова верзија на Северноамериканскиот договор за слободна трговија од 1994 година, познат како „НАФТА“.

  • Свет 01.10.2018 12:12

    Британија ќе праќа војници на Арктикот

    „Велика Британија ќе испрати 800 војници на Арктикот поради зголемената руска агресија во регионот“, изјави денеска британскиот министер за одбрана Гевин Вилијамсон.

  • Свет 01.10.2018 12:01

    Иран истрела ракети кон бунтовниците на истокот

    Иранската револуционерна гарда истрела балистички ракети кон бунтовничките групи во источна Сирија, коишто ги обвинува за неодамнешниот напад врз воената парада во Ахваз.

  • Свет 01.10.2018 11:10

    Индонезија бара меѓународна помош по потресите и цунамито

    Индонезија бара меѓународна помош по катастрофалниот земјотрес и цунами кои усмртија над 1.200 луѓе.

    Направени се масовни гробници за да се избегне ширење заразни болести. Спасувачките екипи трагаат по исчезнати.

  • Свет 28.09.2018 13:49

    Невреме во повеќе делови од светот

    Моќна и ретка бура, која наликува и на ураган и на тајфун се очекува во текот на викендот да го погоди источниот дел на Средоземието. Станува збор за т.н. Хибридна бура наречена „Медикејн“.

  • Свет 28.09.2018 10:36

    Ердоган во тридневна посета на Германија

    За прв пат по 2014 година, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е во посета на Германија на средби со канцеларката Меркел и претседателот Штајнмајер за да се подобрат односите меѓу двете земји коишто беа сериозно влошени во последните неколку години.

  • Свет 27.09.2018 12:47

    Палестинците скептични за коментарите на Трамп

    Палестинските власти се скептични за коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој изрази поддршка за дводржавно решение на Израелско- палестинскиот спор.

Pages