Русија ги идентификуваше двајцата мажи, кои Велика Британија ги сомничи за труењето на поранешниот двоен агент Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка Јулија во Солзбери.
-
Свет 12.09.2018 12:18
-
Свет 12.09.2018 11:38
ООН, САД и ЕУ со предупредувања за состојбата во Идлиб
Генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш апелира до сите страни во конфликтот во Сирија да ги заштитат цивилите и да избегнат крвопролевање во Идлиб , последниот голем бастион на бунтовниците.
-
Свет 12.09.2018 11:16
Масовни протести за независност на Каталонија
Стотици илјади луѓе протестираа во Барселона за независност и ослободување на лидерите на каталонското сепаратистичко движење.
Собирот се случува во пресрет на годишнината од референдумот за отцепување на Каталонија од Шпанија, на кој мнозинството се изјани за самостојност.
-
Свет 12.09.2018 10:42
Лула Да Силва се повлече од изборите, Болсонаро во предност
Поранешниот претседател Луиз Инасио Лула да Силва, ја повлече кандидатурата за претседателските избори во Бразил, на коишто беше фаворит.
-
Свет 11.09.2018 14:48
Почнаа најголемите воени вежби по Студената војна
Во рускиот источен воен округ почнаа најголемите вежби во современа Русија. Ќе траат до 1-ви септември, под раководство на министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу. Ова се најголемите воени вежби по Студената војна, наречени „Исток-2018“.
-
Свет 11.09.2018 14:30
Советот за безбедност со нова седница за кризата во Идлиб
По барање на Русија, по трилатералниот самит со Иран и Турција, Советот за безбедност на Обединетите нации на нов состанок за состојбата во сириски Идлиб.
-
Свет 10.09.2018 15:25
Русија: САД користеле фосфорни бомби во Сирија
Русија ги обвини САД дека во воздушните напади на истокот на Сирија користеле фосфорни бомби во цивилни зони, што е забрането според меѓународните договори.
-
Свет 10.09.2018 12:57
Песимистички прогнози по посетата на Вучиќ на Косово
За косовскиот претседател Хашим Тачи, револтот на неговите сограѓани за време на посетата на претседателот на Србија Александар Вучиќ во Дреница е разбирлив, исто како и разочарувањето на Србите во селото Бање кои, поради блокади и забрана за влез, не можеа да се сретнат со својот претседател.
-
Свет 10.09.2018 12:52
Тесна победа на Социјалдемократите на изборите во Шведска
Шведската владејачка Социјалдемократска работничка партија со тесна победа на парлементарни избори. Според првичните резултати, блокот во кој влегуваат и Зелената партија и Левичарите, освоил 40,6 проценти од гласовите.
-
Свет 10.09.2018 12:10
Русија: Апсења на протестите против пензиските реформи
Речиси илјада луѓе се уапсени на протестите против пензиската реформа во Русија. Најмногу приведени има во Санкт Петербург и во Екатеринбург каде што собирите беа организирани од рускиот опозициски лидер Алексеј Наваљниј, којшто е во затвор.









