• Свет 10.09.2018 11:41

    САД: Подготовки за ураганот „Флоренс“

    Наслението во Јужна Каролина се подготвува за ураганот од четврта категорија „Флоренс“. Прогласена е вонредна состојба и пратено е барање за користење федерални ресурси доколку бурата стигне со засилен интензитет на територијата на оваа сојузна земја.

  • Свет 10.09.2018 11:09

    Шведска: Победа за Социјалдемократската работничка партија

    Шведската владејачка Социјалдемократска работничка партија победи на парламентарните избори, но не успеа да обезбеди мнозинство во новиот Парламент заедно со коалициските партнери – социјалистичката Лева партија и еколошката Зелена партија.

  • Свет 10.09.2018 10:20

    Повредени во напад со нож во Париз

    Седуммина се повредени во напад со нож во Париз. Полицијата го уапси Авганистанецот, а случајот не се третира како тероризам.

  • Свет 07.09.2018 15:16

    Вучиќ и Тачи не се сретнаа во Брисел

    Претседателот на Србија, Александар Вучиќ реши да не разговара со косовската делегација. Во Брисел, и тој и Хашим Тачи имаа одвоени средби со шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини.

  • Свет 07.09.2018 13:22

    Бразил: Нападнат претседателски кандидат

    Жаир Болсонаро, претседателскиот кандидат од крајната десница во Бразил, е ранет со нож за време на предизборен митинг. Медициснкиот тим соопшти дека процесот на закрепнување ќе трае со месеци.

  • Свет 07.09.2018 13:17

    Продолжува дијалогот Белград- Приштина

    Во Брисел продолжи дијалогот меѓу Белград и Приштина.

  • Свет 07.09.2018 12:30

    Шефот на Пентагон во посета на Авганистан

    Министерот за одбрана на САД, Џејмс Матис е во ненајавена посета на Авганистан. Во делегацијата е и началникот на оружените сили на САД, генерал Џозеф Данфорд.

  • Свет 07.09.2018 12:00

    Вашингтон: Има докази за подготовки за хемиски напад во Идлиб

    Има многу докази дека сириската влада подготвува употреба на хемиско оружје во регионот Идлиб на северозапад во Сирија, изјави новиот американски пратеник за Сирија, Џим Џефри.

    Тој предупреди дека каков било напад врз бунтовничката енклава би претставувал „невнимателна ескалација“.

  • Свет 07.09.2018 11:12

    Предупредување за Русија за „Новичок“

    Британија, САД, Франција и Канада испратија заедничка порака до Русија во која побараа од Москва да ги открие деталите за својата програма за развој на хемискиот отров „Новичок“.

  • Свет 07.09.2018 10:43

    Крвава претседателска кампања во Бразил

    Жаир Болсонаро, претседателскиот кандидат од крајната десница во Бразил, е ранет со нож за време на предизборен митинг. Медициснкиот тим соопшти дека процесот на закрепнување ќе трае со месеци.

Pages