Најмалку 15 лица загинаа во судир меѓу глисер со мигранти и патролен брод на грчката крајбрежна стража кај островот Хиос.
Од морето се извлечени 14 тела, а уште 25 мигранти, меѓу кои 11 деца, се спасени. Во инцидентот се повредени и двајца офицери на крајбрежната стража.










