• Свет 03.02.2026 12:30

    Трамп и Петро на средба во Вашингтон

    Лидерите на САД и Колумбија на средба во Вашингтон во обида да го надминат спорот по обвинувањата на Трамп за внесување кокаин и заканите со воена акција. Петро сака да покаже дека ја има контролата врз трговијата со дрога и да ги укине санкциите од САД, додека Трамп очекува „добра средба“.

  • Свет 03.02.2026 12:29

    Руски масовни напади наспроти мировни напори

    Русија продолжи со масовни воздушни напади низ Украина удирајќи врз Киев со ракети и дронови, и ставајќи крај на краткото привремено примирје договорено со САД. Оштетени се станбени згради и детска градинка, има повредени, а многу жители останаа без струја и греење при – 20 °C.

  • Свет 03.02.2026 12:08

    Владата на Франција го усвои Буџетот за 2026 година

    Француската влада го усвои Буџетот за 2026 година, по осум гласања за доверба. Премиерот Лекорну го протурка законот без гласање, со уставни овластувања поради поделбите во парламентот.

  • Свет 03.02.2026 10:22

    Американскиот пратеник Виткоф на средба со Нетанјаху

    Американскиот пратеник Виткоф на средба со Нетанјаху во обид да изврши притисок за унапредување на мировниот план за Газа, кој предвидува разоружување на Хамас и воспоставување на меѓународни сили за стабилизација, додека милитантната група и натаму одбива да го положи оружјето.

  • Свет 03.02.2026 09:15

    Зеленски оптимист за можен траен договор за мир со Русија

    Украинскиот претседател Зеленски изрази умерен оптимизам дека е можен траен и достоинствен мир со Русија, истакнувајќи ја клучната улога на САД. Откри дека е подготвен документ со Вашингтон за безбедносни гаранции по војната и дека се работи на планови за економска обнова.

  • Свет 03.02.2026 08:57

    Вашингтон и Њу Делхи постигнаа трговски договор

    Вашингтон постигна трговски договор со Њу Делхи-објави Трамп на социјалните мрежи. САД ги намалуваат царините за индиски стоки од 25 на 18 насто, за возврат Индија ќе ги намали трговските бариери, ќе се откаже од руската нафта и ќе ги зголеми увозот на нафта и стоки од САД.

  • Свет 02.02.2026 20:48

    Нема поделби во НАТО, уверува шефицата за надворешна политика на ЕУ

    Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, негира дека постои раскол меѓу членките на НАТО. Според неа, во моментов блокот работи да стане понезависен и да инвестира повеќе во сопствената одбрана.

  • Свет 02.02.2026 19:21

    Трилатерален состанок меѓу Украина, САД и Русија

    Украинскиот претседател потврди дека трилатералните разговори меѓу Украина, САД и Русија ќе се одржат во среда и четврток во Обединетите Арапски Емирати.

  • Свет 02.02.2026 16:03

    Трамп најави договор со Куба

    По бројните закани, американскиот претседател навести договор со кубанските власти.

  • Свет 02.02.2026 15:18

    Протест за поддршка на претседателот Павел во Чешка

    Десетици илјади демонстранти излегоа на улиците во Чешка во знак на поддршка на либералниот претседател Петр Павел, во услови на засилени тензии меѓу него и новата десничарска влада предводена од милијардерот Андреј Бабиш.

Pages