Основачот на „Фејсбук“, Марк Закерберг се соочува со најголемиот тест во својата кариера како извршен директор на мегапопуларната социјална мрежа.
-
Свет 10.04.2018 10:34
-
Свет 05.04.2018 15:45
„Боинг“- прва жртва на трговската војна меѓу САД и Кина
25 проценти царина на увозот на авиони дефинитивно ќе ја истисне од кинескиот пазар американската омпанија „боинг“, а нејзиниот конкурент „Ербас“ се здобива со решевачка предност на огромниот пазар.
-
Свет 05.04.2018 13:05
Врховен суд: Да Силва мора да оди во затвор
Врховниот суд во Бразил пресуди- поранешниот претседател Луис Игнасио Лула Да Силва мора да почне да ја служи 12-годишната затворска казна поради примање мито. Одбиено е неговото барање да се брани од слобода додека не ги искористи сите правни инструменти.
-
Свет 05.04.2018 12:58
Националната гарда на САД на границата со Мексико
Откако не успеа да ги убеди Конгресот и Мексико целосно да го финансираат граничниот ѕид, американскиот претседател Доналд Трамп ќе прати околу 1.000 припадници на Националната гарда на САД кои ќе ја штитат границата со Мексико и ќе им даваат поддршка на царинската и граничната контрола.
-
Свет 05.04.2018 11:42
Столтенберг: НАТО не сака да ја изолира Русија
НАТО не се обидува да ја изолира Русија, но мораше да реагира за да го манифестира своето незадовоство поради случајот со Сергеј Скрипал, порача генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.
-
Свет 05.04.2018 10:30
Активирана групата за изработка на статутот на ЗСО
Претседателот на Косово, Хашим Тачи и премиерот Рамуш Харадинај ја реактивираа раководната група која ќе работи на предлог-статуот на Заедницата на српски општини (ЗСО).
-
Свет 04.04.2018 16:44
Трговска војна: САД се заканија на Кина со царина за 1.300 производи
Соединетите Американски Држави ѝ се заканија на Кина со царина за 1.300 производи. Се таргетираат индустриската технологија, сообраќајот и медицината.
Вашингтон тврди- целта е да го принудат Пекинг да ја почитува интелектуалната сопственост.
-
Свет 04.04.2018 12:45
Вонреден состанок на Организацијата за забрана на хемиско оружје за случајот „Скрипал“
Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) во Хаг ги анализира обвиненијата на Велика Британија кон Кремљ за труењето на поранешниот шпион Скрипал во Англија.
-
Свет 04.04.2018 12:16
Бегалски бран од Авганистан ѝ се заканува на Турција
Турската дирекција за безбедност предупреди дека големи мигрантски групи од Авганистан се движат кон турска територија. Според податоци на миграциските служби, дневно по околу 500 бегалци ја преминуваат турската граница, и покрај зајакнатите безбедносни мерки.
-
Свет 04.04.2018 10:09
Пукање во седиштето на „Јутјуб“, најмалку четири лица ранети
Најмалку четири лица биле ранети во престрелка во зградата на централата на „Јутјуб“ во градот Сан Бруно, во Калифорнија. Полицијата соопшти дека осомничената жена за нападот била пронајдена загината, а информациите посочуваат на самоубиство.










