• Свет 19.12.2017 12:52

    Тројца загинати, над 100 повредени во железничка несреќа во САД

    Патничкиот воз кој излета од шините и падна врз фреквентен автопат во државата Вашингтон се движел со 130 км/ч во моментот на несреќата, во која загинаа неколку патници. Дозволената брзина на кривината каде што машиновозачот ја загубил контролата била 48 км/ч.

  • Свет 19.12.2017 12:29

    САД ставија вето на резолуцијата во ОН за Ерусалим

    Соединетите Американски Држави во Советот за безбедност ставија вето на резолуцијата со која се повикува на повлекување на одлуката на американскиот претседател Трамп, Ерусалим да го признае за главен град на Израел. Останатите 14 членки гласаа за тој нацрт.

  • Свет 19.12.2017 11:41

    Средба Путин- Вучиќ во Москва

    Рускиот претседател Владимир Путин во Москва ќе се сретне со неговиот српски колега Александар Вучиќ.

    Ќе разговараат за економската соработка, зајакнувањето на меѓусебните трговски односи, како и за статусот на српските работници во Русија.

  • Свет 19.12.2017 11:35

    Пјонгјанг се откажува од дијалог со САД

    Северна Кореја го одби предлогот на САД за билатерални преговори поради нуклеарната програма бидејќи со нив, одговорноста за корејската криза се префрла врз Пјонгјанг.

  • Свет 19.12.2017 10:27

    Жртви во железничка несреќа во САД

    Најмалку три лица загинаа откако патнички воз излета од шините и падна врз фреквентен автопат во Вашингтон. Седумдесетина луѓе се хоспитализирани, од кои многумина се во критична состојба. Локалните власти ги пребаруваат сите вагони така што очекуваат дека бројката на мртви ќе се зголемува.

  • Свет 18.12.2017 15:32

    Австрија доби нова влада

    Новата австриска влада на мандатарот Себастијан Курц денеска даде заклетва, а веќе утре одржува состаноци во Брисел, каде што ќе има средби со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск и претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.

  • Свет 18.12.2017 14:38

    Затоплување на односите меѓу Москва и Вашингтон

    Податоци од ЦИА им помогнаа на руските безбедносни сили да осуетат планови на поранешни членови на Исламска држава за напад во Санкт Петербург. Една од целите во вториот по големина град во Русија била и катедралата „Казањска Богородица“.

  • Свет 18.12.2017 12:52

    Австрија денеска добива нова влада

    Новата австриска влада на мандатарот Себастијан Курц денеска дава заклетва, а веќе утре одржува состаноци во Брисел, каде што ќе има средби со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск и претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.

  • Свет 18.12.2017 11:58

    Израелски воздушни напади врз позиции на Хамас

    Израелски воени авиони изведоа воздушни напади врз воени позиции на екстремистичкото движење Хамас во северниот дел на Газа, како одговор на ракетен напад од појасот врз јужен Израел.

  • Свет 18.12.2017 11:06

    Пињера- нов претседател на Чиле

    Милијардерот и поранешен претседател Себастијан Пињера победи на претседателските избори во Чиле со освоени 54,57 насто од гласовите.

Pages