• Свет 20.11.2017 10:21

    Германија ја тресе политичка криза: Слободните демократи ги напуштија преговорите за коалиција

    Обидот на германската канцеларка Ангела Меркел да состави трипартиска коалициска влада доживеа голем удар откако нејзините потенцијални партнери од Слободните демократи (ФДП) се повлекоа од преговорите.

  • Свет 17.11.2017 16:10

    Почина мафијашкиот бос Рина

    На 87-годишна возраст, почина озлогласениот шеф на италијанската мафија Салваторе Тото Рина. Еден од најмоќните шефови на сицилијанската мафија беше осуден на 26 доживотни казни затвор за десетици убиства извршени во периодот од 1969 до 1992 година.

  • Свет 17.11.2017 14:56

    Камбоџа: Забрана за галвната опозициска партија

    САД најавија мерки против Камбоџа, а Европската унија се закани со блокада на пристапот до трговските бенефиции откако Врховниот суд на Камбоџа, по барање на премиерот Хуна Сена, ја забрани главната опозициска партија.

  • Свет 17.11.2017 13:09

    Мугабе се појави во јавност за првпат по куќниот притвор

    Претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе, кого војската го стави во куќен притвор, се појави на церемонија за доделување дипломи на универзитетот во Хараре. Ова е негово прво појавување во јавност откако пред три дена беше извршен обид за пуч во земјата.

  • Свет 17.11.2017 12:24

    Конресот одобри поголем буџет за одбрана

    Американскиот Конгрес одобри 700 милијарди долари за одбрана во идната фискална година, што е повеќе од бараната сума на претседателот Доналд Трамп.

    По Претставничкиот дом, и Сенатот едногласно го донесе законот, а за да влезе во сила, се чека потписот на Трамп.

  • Свет 17.11.2017 11:08

    Мугабе одбива да се повлече

    Претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе одбива да се повлече од функцијата. По воената операција за преземање на државата, тој и првата дама се во домашен притвор.

  • Свет 17.11.2017 10:29

    Русија ја блокира предлог- резолуцијата за Сирија

    Русија ја блокира предлог-резолуцијата на САД во Советот за безбедност на Обединетите нации за продолжување на Мисијата на Организацијата за забрана на хемиско оружје во Сирија.

    Претходно, Москва го повлече својот нацрт-документ кој требаше да биде разгледан заедно со американскиот.

  • Свет 16.11.2017 15:32

    Состанок во Боцвана за политичката криза во Зимбабве

    Јужноафриканските лидери инсистираат да се најде мирно решение за политичката криза во Зимбабве. Претседателот Роберт Мугабе и првата дама се во домашен притвор откако почна воената акција за преземање на државата.

  • Свет 16.11.2017 14:29

    Путин разговараше со украинските бунтовници

    По предлог на украинскиот политичар Виктор Медведчук, рускиот претседател Владимир Путин, разговараше со лидерите на проруските бунтовници во Украина за размена на заробеници со Киев. Во судирот од 2014 година загинаа над 10 илјади луѓе.

  • Свет 16.11.2017 12:21

    Грција: Тридневна жалост поради жртвите во поплавите

    Во Грција тридневна жалост за жртвите од поплавите. Европската комисија нуди помош за справување со катастрофата. Најпогодена е западна Атика каде што загинаа 15 луѓе. Граѓаните го опишуваат невремето како „библиско“.

Pages