Колумбиската полиција заплени над 12 тони кокаин со што вкупното количество за оваа година изнесува 362 тона. Дрогата била откриена во четири паралелни рации во северозападна Колумбија, во кои учествувале 400 полициски офицери.
-
Свет 09.11.2017 14:18
-
Свет 09.11.2017 12:56
Трамп: Кина и САД да се здружат против Северна Кореја
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сите страни мора да се здружат за да го запрат вооружувањето и финансирањето на властите во Северна Кореја.
-
Свет 09.11.2017 12:19
Северна Каталонија сака да се соедини со шпанската Каталонија
Францускиот дел кој е познат како Северна Каталонија сака да се спои со Каталонија која се бори за независност од Шпанија.
Во градот Перпињан веќе почнаа собирите од поддржувачите на оваа идеја.
-
Свет 09.11.2017 11:45
Додик: Србија и Република Српска се едно
Србија и Република Српска се едно и затоа воопшто не е важно каде ќе биде повлечена формалната граница, изјави претседателот на српскиот ентитет во Босна и Херцеговина, Милорад Додик.
-
Свет 09.11.2017 11:26
Пјонгјанг со нови критики кон Трамп
По критиките од американскиот претседател Доналд Трамп, Северна Кореја со нова порака до Вашингтон: „Сменете го стариот луд човек за да се ослободите од пропаст“.
Трамп е на азиска турнеја низ неколку земји на кои главна тема е проблемот со нуклеарната програма на Пјонгјанг.
-
Свет 09.11.2017 10:37
НАТО ќе формира центар за кибернетички операции
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг најави формирање на Центар за кибернетички операции. На состанокот за министри за одбрана во Брисел, земјите-членки на Алијансата договорија и создавање на два нови командни центра, кои би ја штителе Европа во случај на воен конфликт со Русија.
-
Свет 08.11.2017 14:53
Брисел: Дводневна средба на министрите за одбрана на НАТО
Авганистан, Северна Кореја, Русија и Сирија ќе бидат главни теми на дводневната средба на министрите за одбрана на земјите- членки на НАТО, што се одржува во Брисел.
-
Свет 08.11.2017 13:18
Доналд Трaмп пристигна во Кина
Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Пекинг, во прва официјална посета на Кина, каде што ќе престојува помалку од 48 часа. Кина е воедно и третата станица од 12-дневната азиска турнеја на Трамп, откако претходно ги посети Јапонија и Јужна Кореја.
-
Свет 08.11.2017 13:10
Афера „Агрокор“: Ивица Тодориќ ослободен со кауција
Со кауција од 100 илјади фунти, Судот во Лондон го ослободи сопственикот на „Агрокор“, Ивица Тодориќ кој вчера сам и се предаде на полицијата. Одземен му е пасошот, ќе мора да носи безбедносна алка и да се јавува три пати неделно во полиција.
-
Свет 08.11.2017 12:22
Каталонија: Сепаратистите не постигнаа договор за предизборна коалиција
Каталонските сепаратистички партии не постигнаа договор за настап со единствена кандидатска листа на регионалните избори закажани за 21 декември.










