• Свет 26.10.2017 10:42

    Денеска ќе се објават тајните документи за убиството на Кенеди

    Денеска се очекува да бидат објавени тајните документи за атентатот врз американскиот претседател Џон Кенеди. Комисијата која го истражуваше атентатот на 46-годишниот претседател, на 22 ноември 1963 година, заклучи дека го убил поранешниот стрелец на американската морнарица од прва класа Ли Харви

  • Свет 25.10.2017 16:46

    Турција: Уапсени 58 странци осомничени за поврзаност со ИД

    Турската полиција спроведе рација против осомничени поддржувачи на Иламска држава во Истанбул, при што уапси 62 лица, од кои 58 странци.

    Не е позната нивната националност, а локалните медиуми јавуваат дека тие најверојатно ќе бидат депортирани.

  • Свет 25.10.2017 14:28

    САД повторно ќе примаат бегалци

    Американскиот претседател Доналд Трамп дозволи повторно да се примаат белгаци во САД, но по нови, построги правила за проверка. Тој, исто така, нареди граѓаните од 11 земји, кои САД ги оквалификува како „ризични“, да бидат подложени на екстремни контроли.

  • Свет 25.10.2017 13:22

    Берлин: Во неколку рации запленето оружје и муниција

    Германската полиција во повеќе рации во Берлин заплени оружје и поголемо количество муниција, а едно лице е приведено. Рациите биле спроведени на четири локации во рамките на истрагата поврзана со маж осомничен дека е поврзан со исламски екстремисти.

  • Свет 25.10.2017 12:35

    Џинпинг со нов мандат

    Си Џинпинг доби нов петгодишен мандат како генерален секретар на Комунистичката партија на Кина. Годинашниот самит ја прекрши традицијата за избор на негов наследник поради што се прогнозира дека Џинпинг ќе продолжи да владее и по 2022 година.

  • Свет 25.10.2017 11:17

    САД разочарни од руското вето

    Вашингтон изрази разочарување поради одлуката на Русија да го искористи правото на вето во Советот за безбедност на ОН и со тоа да го спречи обновувањето на мандатот на комисијата за истражување на употребата на хемиско оружје во Сирија.

  • Свет 25.10.2017 10:54

    Европски држави жртви на вирусот „Бед ребит“

    Транспортни компании, медиуми и државни институции во Украина, Русија, Турција, Бугарија беа мета на кибернетички напад со вирусот „Бед Ребит“.

  • Свет 25.10.2017 10:16

    Шојбле: Грција излезе од кошмарот на кризата

    Новоизбраниот претседател на германскиот Бундестаг и досегашен министер за финансии на Германија, Волфганг Шојбле изјави дека по реформите Грција излегла од најлошиот дел на кризата.

  • Свет 24.10.2017 14:24

    Волфганг Шојбле - нов претседател на Бундестагот

    Со 501 глас „за“, и 173 „против“, пратениците од Бундестагот го избраа Волфганг Шојбле за претседател на Долниот дом на Парламентот. Министерот за финансии во заминување и водечкиот политичар од Демохристијаните на канцеларката Ангела Меркел е пратеник со најдолг стаж и исклучително влијание.

  • Свет 24.10.2017 13:50

    Туск: ЕУ мора да биде подготвена на сите сценарија

    Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск изјави дека Европската унија треба да биде подготвенa за секакoв развој на преговорите за заминувањето на Велика Британија - за постигнување договор, за недостиг на договор или за неуспех на заминувањето.

Pages