Северна Кореја повторно им се заканува на американските власти поради најавата за заострување на санкциите кон Пјонгјанг кој продолжува да ја усовршува и нуклеарната програма.
-
Свет 11.09.2017 10:14
-
Свет 11.09.2017 10:03
Флорида: Прогласена состојба на природна катастрофа
Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи состојба на природна катастрофа во Флорида поради ураганот Ирма. Над 3,4 милиони домови останаа без електрчна енергија, а делови од Мајами се целосно поплавени.
-
Свет 11.09.2017 07:53
САД: 16 години од терористичките напади на 11-ти септември
САД денеска одбележуваат 16 години од стравичните координирани терористички напади, кои на 11 септември 2001 година го шокираа целиот свет.
-
Свет 11.09.2017 07:28
Ирма се намали на трета категорија, Мајами поплавен
Ураганот Ирма ослабна на категорија три кога го погоди јужниот дел на Флорида, каде ги поплави улиците на Мајами и остави околу 1,8 милиони домови и фирми без електрична енергија.
Националниот центар за урагани соопшти дека ветерот достигнал брзина од 195 километри на час.
-
Свет 07.09.2017 17:04
ЕУ: Границата меѓу Северна Ирска и Ирска отворена и по Брегзит
Европската комисија ги утврди своите принципи за политичкиот дијалог за Ирска и Северна Ирска во преговорите со Велика Британија за Брегзит.
-
Свет 07.09.2017 13:24
Каталонија: Закажан референдум за независност
Каталонскиот Парламент го усвои законот со кој ги официјализира своите планови на први октомври во оваа автономна област да се организира референдум за независност.
-
Свет 07.09.2017 13:19
Ураган „Ирма“: Жртви и повредени на Карибите, предизвикана голeма материјална штета
Неколку лица загинаа откако ураганот Ирма ги погоди Карибите. Бурата од петта категорија го опустоши Барбадос и предизвика штета која се проценува на околу 150 милиони долари. На неколку острови е прекинато снабдувањето со електрична енергија и телекомуникациските услуги.
-
Свет 07.09.2017 12:33
Јужна Кореја: Протести поради ТХААД
Над стотина демонстранти во јужнокорејскиот град Сеонгју се судрија со полицијата која се обидела да го расчисти патот за да се распоредат четири дополнителни лансери на ракети од американскиот противракетен систем ТХААД.
-
Свет 07.09.2017 12:00
Тужба за администрацијата на Трамп поради програмата ДАЦА
Група од 15 сојузни американски држави ја тужат администрацијата на претседателот Доналд Трамп поради одлуката да се укине програмата за амнестија, позната како ДАЦА, а која се однесува на 800.000 лица, кои како малолетници илегално се донесени во САД.
-
Свет 07.09.2017 09:58
САД: Нафтено ембарго за Северна Кореја
САД поднесоа предлог резолуција до Советот за безбедност На Обединети Нации во која бараат нафтено ембарго за Северна Кореја, стопирање на нејзиниот извоз на текстил и замрзнување на банкарските сметки на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-Ун.










