Официјален Пјонгјанг го потврди тестирањето на балистичката ракета „Хвасонг-12“ со среден дострел и најави нови лансирања на проектили кон Тихиот Океан.
-
Свет 30.08.2017 11:31
-
Свет 30.08.2017 10:42
Иран не дозволува контрола на воените локации
Иран не дозволува контрола на инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија на нивните воени локации. Претседателот Рохани го одби предлогот на САД, потенцирајќи дека односите со агенцијата се дефинирани исклучиво со правила.
-
Свет 30.08.2017 10:19
Хјустон: Воведен полициски час за да се спречат грабежите
Властите на градот Хјустон воведоа ноќен полициски час поради ураганот „Харви“. Од одлуката се изземени волонтерите, спасувачките екипи и оние кои работат во периодот на кој се однесува забраната за движење. Целта е да се спречат кражби во евакуираните области.
-
Свет 29.08.2017 16:53
Јункер: Турција се оддалечува од Европа
Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави дека Турција предизвикува сериозна загриженост поради непочитувањето на човековите права и владеењето на правото и додаде дека со гигантски чекори се оддалечува од Европа.
-
Свет 29.08.2017 13:20
Жртви, повредени и исчезнати во ураганот Харви
Рекордни 75 сантиметри дожд се измерени во градот Хјустон кој се бори со моќниот ураган Харви. Улиците се претворени во реки, а синоптичарите најавуваат удвојување на количеството врнежи кон крајот на неделава.
-
Свет 29.08.2017 13:14
Северна Кореја истрела нова ракета, Токио во паника
Северна Кореја истрела уште една ракета која ја прелетала територијата на Јапонија и се распаднала на три дела. Генералштабот на Јужнокорејската армија соопшти дека ракетата летала 2.700 километри, на максимална височина од 5,5 километри и го прелетала островот Хокаидо.
-
Свет 29.08.2017 12:39
Путин: Русија обезбеди пари за нуклеарна централа во Унгарија
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека се осигурани пари за изградба на нуклеарни реактори за електричната централа во Унгарија.
-
Свет 29.08.2017 11:34
Расте бројот на загинати во експлозијата во Кабул
Бројот на загинати во експлозијата во простории на банка лоцирана до американската амабсада во Кабул порасна на пет, а според последниот биланс ранети се девет лица.
Претходно, авганистанските власти објавија дека во експлозијата на влезот на филијала на „Кабул банк“ загина едно лице.
-
Свет 29.08.2017 11:29
Меркел и Макрон загрижени за Украина
Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон ги повикаа Русија и Украина да ги зголемат напорите за спроведување на примирјето во источна Украина.
-
Свет 29.08.2017 10:17
Ураганот Харви се враќа на копното
Рекордни 75 сантиметри дожд се измерени во градот Хјустон кој се бори со моќниот ураган Харви. Улиците се претворени во реки, а синоптичарите најавуваат удвојување на количеството врнежи кон крајот на неделава.










