Во утринските часови е нападнат Врховниот суд во Каракас. Хеликоптер истрелал неколку гранати, Ројтерс информира дека станува збор за 4 проектили и 15 куршуми кои биле дополнително истрелани врз Министерството за внатрешни работи.
-
Свет 28.06.2017 10:15
-
Свет 27.06.2017 13:24
ЕУ го казни „Гугл“ со 2,42 милијарди евра
Европската унија го казни „Гугл“ со 2,42 милијарди евра поради искористување на доминантната положба на пазарот. Компанијата е казнета поради фаворизирање на својата веб-трговија во резултатите при пребарување.
-
Свет 27.06.2017 12:24
Грција се дави во отпад на 40 степени
Среде туристичка сезона, во време на екстремно високи температури, Грција се дави во отпад. Еднонеделниот штрајк на санитарните работници резултира со тони отпад расфрлан околу контејнерите, неподнослива смрдеа насекаде по улиците и сериозна опасност за јавното здравје.
-
Свет 27.06.2017 10:52
Трамп ја укина социјалната помош за имигрантите
Имигрантите во Соединетите Американски Држави нема да имаат право на финансиска помош од државата најмалку 5 години од нивното пристигнување.
-
Свет 23.06.2017 13:39
Заливските земји ја условуваат Доха
Четири арапски држави му поставија услови на Катар за да и стават крај на блокадата кон таа држава, меѓу кои е и испорака на терористи.
-
Свет 23.06.2017 12:26
Брисел: Историска одлука за создавање постојана европска соработка во одбраната
По серијата терористички напади во неколку европски центри, одбраната на земјите-членки на Унијата зазеде челна позиција на средбата во Брисел. Белгија, Обединетото Кралство, Франција и Шведска закрепнуваат од неодамнешните терористички акти во кои имаше жртви.
-
Свет 23.06.2017 11:26
ММФ: Напредуваат преговорите за намалување на грчкиот долг
„Постигнат е напредок во преговорите за намалување на грчкиот долг“, изјави портпаролот на Меѓународниот монетарен фонд, Џери Рајс.
Минатата недела Фондот објави „принципиелен договор“, со кој се дозволува активирање на планот за помош на Атина со другите кредитори.
-
Свет 23.06.2017 11:09
Повратниците од боиштата од Сирија закана за безбедноста на Косово
Косовските повратници од боиштата во Сирија и Ирак, може да бидат сериозен безбедносен предизвик, иако се уште се на изджување на затворска казна, изјави командантот на КФОР, Џовани Фунго.
Околу 300 државјани се вклучиле во борбата на страната на џихадистите, а десетици загинаа.
-
Свет 23.06.2017 10:38
Усвоен акциски план за сузбивање на бактериите отпорни на антибиотици
Најголемата закана по здрвјето во светот е брзото ширење на бактерии отпорни на антибиотици. Годишно во светот умираат 700 илјади луѓе, а во Европската унија 25 илјади. Бактериите отпорни на антибиотици се пренесуваат од животните на луѓето преку храната.
-
Свет 23.06.2017 10:31
Маж од Вирџинија обвинет за шпионажа во корист на Кина
Стејт департментот на САД соопшти дека маж од Вирџинија е обвинет за објавување на строго доверливи документи за одбраната на агент на Кина.










