Американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја има првата тет-а-тет средба со шефот на руската држава Владимир Путин на самитот Г20 во Хамбург.
-
Свет 07.07.2017 10:27
-
Свет 06.07.2017 14:59
Макрон поддржува решение засновано на две држави за Израелско-палестинскиот конфликт
Францускиот претседател Емануел Макрон поддржува решение засновано на две држави со кое ќе се оконча израелско-палестинскиот конфликт. Според него, со договорот мора да се признаат легитимните права на Палестинците да имаат независна држава, но и да се осигура безбедност на Израел.
-
Свет 06.07.2017 12:49
Крвава ноќ во венецуелскиот Парламент
Дестици провладини активисти синоќа упаднаа во седиштето на венецуелскиот Парламент за време на специјална седница по повод националниот ден на независност. Во собранието со часови останале заробени над 350 пратеници и новинари.
-
Свет 06.07.2017 12:19
Антитерористичка операција во Брисел
Белгиските власти трагаат по уште неколку осомничени терористи поврзани со оние кои беа приведени во опреацијата пред неколку дена во Брисел и во францускиот град Лил.
-
Свет 06.07.2017 11:14
Продолжува блокадата кон Катар, но без нови санкции
Четирите арапски земји кои го бојкотираат Катар изразија разочараност од негативниот одговор на нивниот ултиматум по средбата во Каиро. Блокадата продолжува, но без нови санкции.
-
Свет 06.07.2017 10:22
Вашингтон се закани со воена интервенција кон Пјонгјанг
Властите на САД предупредија дека ќе употребат воена сила во релацијата со Северна Кореја доколку биде неопходно.
Одлуката следи по последното тестирање на нов тип интерконтинентална балистичка ракета од Пјонгјанг која може да стигне и до територијата на Алјаска.
-
Свет 05.07.2017 14:20
Заедничка воена вежба на Вашингтон и Сеул како одговорн на провокациите од Пјонгјанг
Јужна Кореја и САД одржаа воена вежба откако Пјонгјанг тестираше нов тип интерконтинентална балистичка ракета која може да стигне и до Алјаска.
-
Свет 05.07.2017 12:42
Над 50 жртви во поплавите во јужна Кина
Жртви и во јужнот дел на Кина каде што поројните дождови предизвикаа поплави во кои загинаа педесетина лица, а дваесет се водат за исчезнати.
Нивото на реките достигна критична точка, вклучувајќи ја и Јангцекјанг, најдолгата река во Азија.
-
Свет 05.07.2017 12:18
Габриел бара почитување на суверенитетот на Катар
Министерот за надворешни работи на Германија, Зигмар Габриел ја пофали воздржаноста во реакцијата на Катар во однос на дипломатскиот спор со арапските земји.
-
Свет 05.07.2017 10:48
САД прославија 241 година од независноста
Денот на независноста на Соединетите Американски Држави се обележа на имотот Маунт Вернон на првиот американски претседател и основач на американската држава Џорџ Вашингтон во Вирџинија.










