Според најновиот извештај на Европската полициска служба, во Европа дејствуваат најмалку 5.000 организирани криминални групи.
Најголемата загриженост за Европол се криумчарењата на луѓе, шверцот со дрога и кибернетичките напади врз компании.
Според најновиот извештај на Европската полициска служба, во Европа дејствуваат најмалку 5.000 организирани криминални групи.
Најголемата загриженост за Европол се криумчарењата на луѓе, шверцот со дрога и кибернетичките напади врз компании.
Пет лица загинаа при пад на хеликоптер во Истанбул кој се урнал кратко по полетувањето и удрил во телевизиска кула.
Во леталото се наоѓале двајца пилоти, четворица странци и еден турски државјанин. Причина за несреќата е веројатно густата магла.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека системите на ЦИА мора да се модернизираат откако „Викиликс“ објави архива документи поврзани со кибернетичка шпионажа на Агенцијата.
Конфликтите, бегалските кризи и пандемии како ебола и жика се проширија во повеќе држави поради бавниот одговор од светските организации. Оружјето за масовно уништување и нуклеарните проектили можат да предизвикаат смрт на милијарди луѓе на планетата.
Претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели најави дека армијата ќе биде формирана во текот на следните денови. Стратегиските косовски партнери, предводени од САД, ќе продолжат да им помагаат Косово и на новата војска која, според Весели, ќе биде најсилниот регионален партнер на НАТО.
ЦИА го обвини „Викиликс“ дека ја загрозил безбедноста на Американците, дека им помага на непријателите и дека ја попречува борбата против тероризмот, откако ги објави документите со кои се покажува како ЦИА хакирала системи.
По вжештена дебата, израелскиот Парламент го усвои нацрт-законот за забрана на повиците преку разглас во џамиите во населените места. Допрва ќе се одлучува дали минарињата ќе стивнат во одреден период од денот или преку целото деноноќие.
Протестот на грчките земјоделци во Атина кулминираше со насилство, откако околу 1000 лица се обидоа да ја пробијат полициската блокада пред министерството за земјоделство, на што полицијата возврати со солзавец.
Израелскиот парламент го усвои предлог-законот за забрана на повикот на муслиманите во џамиите. Нацрт-законот предвидува забрана на користење на разгласот за езанот, кој според владата го нарушуваат мирот и тишината во градот.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска и утре ќе престојува во посета на Русија, каде ќе има средби со неговиот руски колега Владимир Путин, а двајцата лидери заедно ќе учествуваат и на седницата на билатералниот Совет за соработка на високо ниво.