Предложената замена на законот за здравствена заштита од претходниот американски претседател Барак Обама би заштедила пари до 2026 година, но може да остави 24 милиони лица во САД без здравствено осигурување.
-
Свет 14.03.2017 11:13
-
Свет 14.03.2017 11:05
Српскиот премиер Александар Вучиќ во посета на Берлин
Српскиот премиер Александар Вучиќ во Берлин ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел.
Теми на разговор ќе бидат билатералните односи, регионалните прашања, европската политика и економија, како и мигрантската политика.
-
Свет 14.03.2017 10:56
Турција му забрани на холандскиот амбасадор во Анкара да се врати во земјата
Турција му забрани на холандскиот амбасадор во Анкара да се врати во земјата и ги суспендираше политичките контакти на високо ниво со Холандија поради билатералната дипломатска криза.
-
Свет 13.03.2017 16:29
Во Србија свикана седница на Советот за национална безбедност
Србија изразува загриженост поради заострената реторика и иницијативите на Приштина за прекин на бриселскиот дијалог и формирањето на косовската војска и бара продолжување на бриселскиот дијалог- стои во соопштението кое до МТВ во Белград е доставено по седницата на Советот за национална безбедно
-
Свет 13.03.2017 13:48
Шкотска најави втор референдум за независност
Шкотската премиерка Никола Старџен најави план за распишување на втор референдум за независност меѓу есента во 2018 година и пролетта следната година.
Во Единбург, Старџен додаде дека на народот мора да му се понуди избор меѓу Брегзит и независна држава.
-
Свет 13.03.2017 12:37
Европа го заострува тонот кон Турција
Германија и Холандија ја заоструваат реториката кон Турција поради обвинувањата и споредбите со фашистите.
-
Свет 13.03.2017 11:56
Романија: Продолжуваат протестите против корупцијата
Неколку илјади Романци учествуваа на протестите против корупцијата во Букурешт. Демонстрациите беа поттикнати од владиниот указ за декриминализација на одредени корупциски дела, кој подоцна беше повлечен поради притисокот од народот.
-
Свет 13.03.2017 10:33
Коѕијас во дводневна посета на Вашингтон
Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас ја почнува дводневната посета на Вашингтон, каде што ќе се сретне со американскиот колега Рекс Тилерсон и со советникот за национална безбедност на американскиот претседател, генерал Херберт Макмастер.
-
Свет 13.03.2017 10:19
Дипломатска војна меѓу Турција и Холандија
По жестоката реторика кон Германија, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги обвини и холандските власти за нацизам и фашизам откако го забранија јавниот говор на двајца турски министри за промовирање на референдумот за уставна промена на Турција.
-
Свет 10.03.2017 15:39
Јужна Кореја: Парк отстранета од функцијата, две лица загинаа на протестите
Со едногласна и историска одлука, Уставниот суд во Јужна Кореја ја смени претседателката Парк Геун Хје поради корупциски скандал во кој нејзината пријателка и советничка Чои Сун сил принудувала компании да донираат милиони долари на фондации коишто ги контролирала.










