• Свет 28.02.2017 12:00

    Конфискувани рекордни 4,2 тони кокаин во Суринам

    Американските власти конфискуваа рекордни 4,2 тони кокаин од рибарски чамец во меѓународните води крај Суринам.

    Вредноста на дрогата е проценета на околу 125 милиони долари. Запленувањето е извршено во рамките на заедничка патрола на крајбрежната стража на САД и на Тринидад и Тобаго.

  • Свет 28.02.2017 11:41

    Пентагон изготви нова стратегија за борбата против Исламска држава

    Пентагон со нова стратегија ќе ја интензивира борбата против терористичката група Исламска држава.

    Белата куќа ги разгледува предлозите од Министерството за одбрана за идните операции против џихадистите кои ги зачестија нападите.

  • Свет 28.02.2017 10:23

    САД: Започна депортацијата на илегалните мигранти

    Американските сили за имиграција и царина започнаа широка операција за депортација на илегалните имигранти коишто извршиле криминални дела во Соединетите Американски Држави. Дилери на дрога и припадници на банди се приведуваат ширум Америка по налози од мај 2016-та.

  • Свет 27.02.2017 14:24

    Србија отвори две нови поглавја за влез во ЕУ

    Србија во Брисел ги отвори поглавјата 20 и 26. Поглавјето 20 го опфаќа претприемаштвото и индустриската политика, а Поглавјето 26 се однесува за културата и образованието и тоа веднаш е затворено.

  • Свет 27.02.2017 13:16

    Збрка на Оскарите

    Наградата за најдобар филм на годинашното доделување на Оскарите заврши во рацете на режисерот Бери Џенкинс за филмот „Месечина“, неколку минути откако по грешка беше прогласен филмот „Ла Ла Ленд“ за победник во оваа категорија.

  • Свет 27.02.2017 10:45

    Трамп го подготви буџетот за идната фискална година

    Американската администрација ќе поднесе предлог-буџет, вклучувајќи ја и мерката за  зголемување на трошоците во одбраната.

    Предвидено е и скратување на трошоците за Стејт департментот, за Агенцијата за заштита на животната средина и за други програми кои не се поврзани со одбраната.

  • Свет 27.02.2017 10:27

    „Месечина“ со Оскар за најдобар филм

    „Месечина“ освои Оскар за најдобар филм, а за најдобри актери беа прогласени Кејси Афлек за улогата во „Манчестер на море“ и Ема Стоун за главната женска улога во „Ла Ла Ленд“, филмот кој освои 6 од вкупно 14 номинации.

  • Свет 24.02.2017 16:38

    Ердоган ќе отпатува во Русија на средба со Путин

    Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска соопшти дека турскиот претседател Ердоган на 9 и 10 март во Москва ќе се сретне со неговиот руски колега Владимир Путин.

  • Свет 24.02.2017 16:20

    Ким Јонг Нам бил убен со најотровен нервен агенс

    Полубратот на севернокорејскиот лидер бил убиен со најотровниот нервен агенс VX (ве икс), кој се користи и како хемиско оружје. Ким Јонг Нам беше убиен со отровни стрелки на меѓународниот аеродром во Куала Лумпур.

  • Свет 24.02.2017 15:24

    Турција гради складиште за бегалци на границата со Сирија

    Турција гради скалдиште за помош на сириските бегалци на границата со оваа земја. Објектот зафаќа површина од 66.266 квадратни метри и во него ќе се чуваат храна и други неопходни производи за околу 530 илјади бегалци.

Pages