Министерот за одбрана на САД Џејмс Метис, кој е во прва и ненајавена посета на Багдад, тврди дека американската војска не е таму поради нафтата иако претходно претседателот Трамп изјави дека требале да ја задржат по ликвидирањето на Садам Хусеин во 2003 година.
-
Свет 20.02.2017 12:34
-
Свет 20.02.2017 11:22
Стапува на сила примирјето во Источна Украина
Примирјето меѓу бунтовниците и силите лојални на прозападните власти во Киев ќе стапи во сила денеска. Договорот беше постигнат на Минхенската безбедносна конференција меѓу Киев, Москва, Париз и Берлин.
-
Свет 20.02.2017 10:18
Ердоган: Референдумот за уставни реформи ќе ја засцврсти демократијата
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган тврди дека референдумот за уставни реформи закажан за 16 април ќе значи преродба на силната и стабилна Турција, а резултатите ќе ги посрамотат сите кои не веруваат во државата.
-
Свет 17.02.2017 15:11
53-та Минхенска безбедносна конференција
Во Минхен денеска почнува безбедносна конференција во време на неизвесна иднина на трансатлантските односи по стапувањето должност на американскиот претседател Трамп.
-
Свет 17.02.2017 14:11
Викиликс: ЦИА ги шпионирала француските партии за време на изборите во 2012-та
Викиликс објави дека ЦИА ги шпионирала и прислушувала сите водечки француски партии за време на претседателските избори во 2012 година.
-
Свет 17.02.2017 13:48
Анкетa: Шулц со поголема поддршка за канцелар од Меркел
Според најновата телевизиска анкета на ЗДФ во Германија, Мартин Шулц од социјалдемократите би освоил 49 проценти од гласовите на изборите за канцелар, а Ангела Меркел 38%.
-
Свет 17.02.2017 13:01
Ким Јонг- Нам го молел својот полубрат да му го поштеди животот
Според последните информации, Ким Јонг- Нам уште пред 5 години му пратил писмо на својот полубрат во кое го молел да ја укине наредбата за негово убиство.
-
Свет 17.02.2017 11:38
Јункер: Ќе бидат потребни повеќе од две години за излез на Британија од ЕУ
Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер тврди дека ќе бидат потребни повеќе од две години за постигнување на договорот за сите прашања поврзани со излезот на Велика Британија од Унијата.
-
Свет 17.02.2017 11:12
Тилерсон- Лавров: Кремљ да се придржува до своите обврски кон Украина
Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон на првата билатерална средба во Бон со својот руски колега Сергеј Лавров му порачал дека Кремљ мора да се придржува до своите обврски кон Украина, ако сака подобра соработка меѓу Москва и администрацијата на претседателот Доналд Трамп.
-
Свет 17.02.2017 10:31
Трамп подготвува нов указ за имиграцијата
Американскиот претседател Доналд Трамп подготвува нова наредба за имиграцијата која ќе биде објавена следната недела. „Новиот документ ќе ја заштити нашата земја“, додаде тој.










